ВМРО-ДПМНЕ: Народот добро знае дека СДС го зголемија ДДВ на храната, оставија празен буџет

January 29, 2025
1 min read

СДС кои го зголемија ДДВ на прехранбените производи од 5% на 10%, без никаква грижа и срам, сега упорно глуми загриженост и бара истото да се укине, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција.

„Пустошот кој што го оставија за седумгодишното владеење, ни со магично стапче не може да се среди за седум месеци.

Ако некој е виновен за цените на производите, тоа се единствено СДС. Цените на производите се зголемија во време на СДС и скапотијата е директна нивна последица која ВМРО-ДПМНЕ ја наследи.

Наместо да работат во интерес на државата и на граѓаните, СДС седум години работеше за приватни бизнис интереси на поединци во нивните редови, како Зоран Заев и сегашниот нивен претседател, Венко Филипче.

Додека народот осиромашуваше, Заев и Филипче енормно го зголемија нивното богатство. Додека народот се мислеше како да го помине месецот, Заев и Филипче не оставија бизнис во кој што не влегле. И се тоа се разбира, од парите кои што, наместо во државата и кај граѓаните, завршуваа во нивни џебови.

СДС не направи ништо за да ја подобри состојбата на економски план, да ја раздвижи економијата која директно влијае на животниот стандард на граѓаните и да ја намали инфлацијата, која во време на нивно владеење беше двоцифрена. Наместо тоа, исклучиво работеше за богатење на нивната елита, а граѓаните одвај врзуваа крај со крај и беа оставени сами на себе.

СДС го остави државниот буџет празен и на колена, а институциите девастирани.

Но, тоа време заврши. Сега граѓаните имаат Влада која што се грижи за нивните и интересите на државата.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за неколку месеци го запре слободниот пад на економијата и на историско ниво ги зголеми странските инвестиции, ја намали инфлацијата на ниво од 3.5%, додека раст на економијата во 2024 година е 2,3%.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно води грижа за стандардот на граѓаните, зголеми плати и пензии и презема активни мерки за намалување на цените на производите, како последната новогодишна кошничка во која се најдоа на 1000 производи со намалени цени“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хаос во Фондот за пензиско во 2023-та: Услуги наплаќани 22 пати повеќе од нормалните цени!

Следно

Спречени обиди за криумчарење на луксузни чанти, цигари, масло како и пасоши за миленичиња

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop