Хаос во Фондот за пензиско во 2023-та: Услуги наплаќани 22 пати повеќе од нормалните цени!

January 29, 2025
1 min read

Ревизијата утврди дека 2023-та година во време на владеењето на СДСМ/ДУИ и нивни кадар кој го води Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, во таа година биле прифаќани понуди за тековно одржување и изведување на градежно занаетчиски работи со цени повисоки и до 22 пати. Над 820 илјади евра се потрошени за ангажман на лица со договор, за кои не може да се утврди дали воопшто се појавувале на работното место.

Државните ревизори откриле сериозни слабости и неправилности во работењето на Фондот, кои укажуваат на долгорочни структурни и проблеми во управувањето со оваа институција. Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и во 2023 не успева да ги покрие своите финансиски обврски, што резултира со дефицит од 33 проценти кај исплатата на пензии.

Меѓу клучните наоди се наведува дефицитот што произлегува меѓу наплатата на придонесите и исплатата на пензиите. Во 2023 приходите од придонеси се зголемени за 13%, достигнувајќи над една милијарда евра, но сепак, не се доволни за покривање на растечките расходи. Затоа државата учествува со 32,6%, што укажува на висока зависност од буџетските трансфери.

„Приходите од наплатен придонес од плата за пензиско и инвалидско осигурување во 2023 се зголемени за 13% во однос на претходната 2022 година и изнесуваат 63.340.987 илјади денари со учество од 65,74% во вкупно остварените приходи. Оствареното зголемување на приходите во 2023 година и понатаму не е доволно за покривање на расходите за социјални бенефиции кои исто така секоја година бележат раст“, се вели во ревизорскиот извештај.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарски аналитичари: Мицкоски е премиерот кој за првпат го интернационализираше прашањето за Македонците пред ЕУ

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Народот добро знае дека СДС го зголемија ДДВ на храната, оставија празен буџет

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop