Филипче се обидува да најде оправдувања, но е заглавен во калта на сите системски неуспеси што ги остави зад себе

January 29, 2025
1 min read

Филипче и СДС работеле на штета на јавното здравје на граѓаните. Филипче и СДС работеле надвор од законските процедури. Венко Филипче беше најлошиот менаџер и министер за здравство во историјата на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Деструктивните политики на Филипче, СДС и ДУИ го уништија македонското здравство, во време на СДС и ДУИ имаше бројни скандали во здравството, како историскиот скандал на Онкологија.

Последиците од Филипче и СДС во здравството се катастрофални и штетни.

Крахот на македонското здравство во време на Филипче, СДС и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и егзодус на лекарите.

Филипче дозволи здравствениот систем да се распадне, а неговиот мандат беше обележан со недостиг на регистар за следење на онколошката терапија.

Филипче во паника се обидува да се оправда, но заборава дека нему му се случи модуларната болница.

Филипче набавуваше вакцини за ковид од непостоечка фирма во Кина, Филипче беше неспособен да набави вакцини, имаше недостиг на маски за медицинските работници сред ковид пандемија, немаше кислород и болнички кревети, медикаменти, тестови за ковид и опрема.

Филипче и СДС местеа тендерите во четири очи, кои ги затскриваа позади здравствената криза.

Филипче треба да знае дека оваа влада не работи „како до сега“ и не работи на реверс со кршење закони и крадење ампули.

ЈО да отвори истраги за да се испитаат сите прекршувања на закони, процедури, постапки и тендери во здравството, стои во партиското соопштение.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно време, претпладне по котлините магливо

Следно

Поради екстремниот студ делумно замрзнаа Нијагарските Водопади

Latest from Blog

Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ“

Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михаил Рокас, на која се разговараше за актуелните политички случувања

Јамал: Играме најдобар фудбал, веќе можам да си замислам дека ќе го освоиме Светското првенство!

ФОТО: Selección Española de Fútbol/FB Ѕвездата на Барселона и Шпанија, Ламине Јамал, верува дека „Црвената Фурија“ може да триумфира со титулата на Светското првенство ова лето. Шпанците се едни од фаворитите за

Евроинтеграциите и реформите во фокусот на средбата на Муцунски со амбасадорите на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Муцунски: Македонија останува посветена на европскиот интегративен пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски
Go toTop