Мицкоски: Омилена веледрогерија на минатата власт под екстремно високи цени заработувале милиони во Онкологија

January 27, 2025
1 min read

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното интервју „360 Степени“ на МТВ рече дека проблемот со Онкологија ќе се реши во текот на неделата, потенцирајќи дека завршува времето на злоупотреби каде омилената веледрогерија на минатата власт заработувала на лекови по екстремно високи цени на грбот на пациентите.

„Има во државата закони кои што мора да се почитуваат и процедури кои што мора да бидат запазени. Јас апсолутно се согласувам со вас дека секој осигуреник мора да добие правилна медицинска нега“, дециден е премиерот Мицкоски.

„Како опозиција често пати зборувавме за случајот во Онкологија и за сето она кое што таму се случувало, како лековите биле аплицирани, дали тие лекови биле воопшто третирани на начин на кој што треба да бидат третирани, дали сето тоа биле злоупотребувано. Знаете дека имаше анкетна комисија во рамките на парламентот, тогаш пратеникот Рашела Мизрахи излезе со извештај, според некои информации кои што јас ги имам дел од тие наводи веќе ги третира Обвинителство. Така што да почекаме резултатот од сето тоа кое што во минатото го зборувавме каков ќе биде“, вели тој.

На прашањето зошто не се подготвени како власт да преземат нешто, туку постојано се навраќаат во минатото, Мицкоски рече:

„Не ние мораме тоа да го констатираме, бидејќи тој проблем сега го решаваме. Нас најлесно ќе ни беше да продолжиме по принципот „како до сега“, односно една омилена веледрогерија на претходната Влада, да ја негуваме и третираме како тоа што го правеше претходната Влада, да добиваме лекови на реверс кои што три до четири пати повеќе ќе ги плаќаме, без соодветна тендерска процедура, па сето тоа потоа да се враќа. Или да спроведеме законска тендерска процедура во која што снабдувачите на ваков тип на лекови ќе обезбедат за пациентите. И тоа го правиме, веднаш по вчитувањето на буџетот и веднаш по распределбата во рамки на здравствените институциите сите овие процедури се запазени и во текот на оваа недела сето тоа ќе биде решени и надминат. И за прв пат нема повеќе да има реверси, нема повеќе да има злоупотреби.“

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пренџов: Обвинителството на СДС и ДУИ, две и пол години не презема ништо за случајот Онкологија

Следно

Филипче: Без консензус нема нови имиња, за улиците во Тетово се судрија ДПМНЕ и ВРЕДИ

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop