„Да не дозволиме да создадеме генерации кои иако будни ќе изгледа како да спијат“, професорите против новата концепција образование во гимназиите

January 27, 2025
1 min read

Триесетина гимназиски професори по философија, логика и етика испратија отворено писмо по повод Концепцијата за гимназиското образование која што беше објавена на почетокот на годината и се води расправа во однос на предложените измени. Тие велат дека „радикално и категорично“ ja отфрлаат понудената Концепција за гимназиско образование.

„Многубројни се негативните импликации во однос на учениците, професорите, гимназискиот образовен процес и државата во целост. Оваа концепција, во која се отстранети философијата и општествено-хуманистичките науки нуди ограничен светоглед без можност за аналитичко, синтетичко, критичко и креативно мислење“, реагираат професорите. 

Но, токму новите решенија коишто се нудат од страна на Министерството за образование предизвикаа незадоволство кај професорите во гимназиите. Оние коишто предаваат философија, логика и етика велат дека Концепцијата се засновува на логички и методолошки проблеми – неконзистентност, неаргументираност, противречност.

„Анализите покажуваат дека во сите Европски земји се инсистира на философско образование. Со отстранувањето на философијата во македонското образование, не само што се отсекуваме од основите на Европската цивилизација и мисла туку стануваме периферија која самостојно избрала да се апстрахира и од современите текови, порачуваат професорите во отворено писмо. Според нив, ниту една од целите на Концепцијата не може да се реализира преку системот на предмети кои како задолжителни ги нуди концепцијата, зашто тие цели не се предмет на нивното истражување и суштинска тенденција. 

„Единствената која е повикана да ги оствари поставените образовни цели, е токму философијата преку корпусот философски предмети – философија, логика и етика. Највисокиот облик на мислењето е мислењето за самото мислење. Тоа е акт на философијата. Како ќе мислат учениците ако не ги знаат законите на логиката. Како ќе бидат доблесни, ако не ги знаат начелата на етиката. Етиката е единствената наука чиј проблем на изучување се доброто и злото, среќата и несреќата, страдањето и радоста. Ниту математиката и природните науки, ниту општествено – хуманистичките науки, нема да ги научат учениците во што се состои човечката среќа“, укажуваат професорите и апелират: „Да не дозволиме да создадеме генерации кои, Хераклитовски, иако присутни во светов, ќе изгледаат како да се отсутни, кои иако будни ќе изгледа како да спијат“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Конститутивната седница на новиот состав на Советот за координирање на ИКТ: Стратегија за дигитална иднина!

Следно

ПОЧИНА МУЗИЧАРОТ КОСТАДИН ИКОНОМОВ, ГИТАРИСТОТ НА „БИС-БЕЗ“ И „МАЊИФИКО“

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop