Филипче се дозаплетка: Ги добивал извештаите, се било „топ“ на Онкологија кога тој бил министер?!?!

January 27, 2025
3 mins read

Претседателот на СДСМ и поранешен министер за здравство Венко Филипче, денеска, буквално и фигуративно,  се дозаплетка во лош обид за самоамнестија од огромната одговорност за најморбидната македонска мега-афера со Онкологија, скандал кој не случајно го доби името „Диво месо“. Во денешениот луциден обид за докажување дека е невин, поранешниот министер ги извади наводните 6-месечни извештаи од Онкологија кои тврди дека доаѓале до него и кои докажувале дека додека тој бил прв човек на македонското здравство, таму се се одвивало по пропис и сите пациенти ја добивале терапијата. Филипче денеска мафтајќи со „извештаите“ изјави:

„Мизрахи, од тогаш па до денес, тврди дека јас имам одговорност во тој случај. Да ја потсетам јавноста, обвинувањето беше дека како тогашен министер за здравство, сум требал да водам сметка за тоа што биле обврски на Министерството за здравство кон Клиниката за оноколигија и обратно,  а се однесува на редовните шестмесечни извештаи за работата на клиниката и стручните комисии. Сите извештаи добро и уредно пополнети и заверени беа доставени. Дури и во најтешките ковид времиња,  кога имаше рестрикции во движиња ниту еден онколошки пацинет и тоа пациентите го знаат, не беше оставен без терапија, сето тоа било редовно соработувано во министерството за здравство “ рече Филипче.

Дали со ова Филипче само докажа дека имало извештаи, ако воопшто ги имало? Што ако и овие кои ги презентира не се веродостојни? Или проблемот е уште поголем – тогаш, ако ги добивал, немал поим дека на Онкологија се случува огромен криминал и добивал извештаи со лажни бројки? Можеби, уште полошо, истиот тој знаел дека се лажирани?

Факт е дека Криминалот на Онкологија е неспорен, се друго е варијација на тема.

За потсетување, во септември 2023 година изби најголемиот скандал во историјата на македонското здравство. Каде се препродавала скапата биолошка терапија на црно со сеседни земји? беше основното прашање на истрагата. Во овој мега скандал на распит беа доктори, медицински сестри и директори на клиниката, и пацинети.

Во Собранието беше формирана и Анкетната Комисија каде се бараше отчет и од поранешните министри за здравство.Заклучокот на пратениците од ВМРО ДПМНЕ беше политичката одговорност да носат поранешниот министер за здравство Венко Филипче, поранешните директори на клиниката Нино Васев и Нехат Нухи, на Фондот за здравство Стево Крстевски и Фатон Ахмети и поранешната дректорка на здравствениот инспекторат Ирина Бухов. Ова за СДСМ беше неприфатливо. Последниот ревизорски извештај за 2023 не е многу различен од ланскиот кога и изби скандалот со препродажба на лекови. Акцелератор кој е донација, спакуван со години фаќаше прашина во складиште, а Онкологија плаќа за негово чување.

За мега-скандалот на клиниката на Онкологија посведочија и пациенти и медиуми. Тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги обелодени документите за скандалот „Диво Месо“ во кој се гледа како канцер мафијата правела бизнис на грбот на пациентите на Онкологија, како се набавувала скапа терапија на ангро од омилената веледрогерија на власта, а во исто време пациентите сведочат за недостаток, за тоа како свесно бил исклучен КАТО системот кој требало да го контролира трошењето на терапијата, за тоа како се изнесувала терапија без протоколи и истата била аплицирана на други места, за индиции дека терапија завршувала на црниот пазар во земјата и странство итн.

Намерно на клиниката владеел башибозлук за да може во матно да се печали, односно клиниката да тоне во долгови, добавувачите да трупаат добивки, а пациентите и покрај потрошените тешки милиони, пак да трпат за третмани и за терапија. Најдобар пример за системски пропусти и недоследности бележи и самиот извештај од финансиската контрола на клиниката за Онкологија. Тој утврдил дека во недостиг на официјални протоколи, листата со лекови од ФЗОМ не им е доставена на лекарите како насока за препишување.

Онкологија имала тендери за лекови без одобрение на Фондот, што само покажува дека се набавувало без систем и без усул се трупале финансиски обврски кон добавувачот. Исто така, на одделот за карцином на дојка не се приложувал специјалистички извештај од „Мој термин“, туку сосема друга форма каде што тешко се следи заболувањето, испитувањата и терапијата. Креиран е тотален хаос, со цел во тој хаос некој да профитира.

Ова било невозможно да се случува без знаење на највисоките структури на министерството и власта.

Дали со последната прес-конфенција конструирана за одбрана на самиот себеси, Филипче се досамозаглави и сега тврди дека наспроти истражните органи, ЈО, МВР и дузината пациенти кои ја посведочија морбидноста на аферата „Диво месо“ на Онкологија, таму немало криминал? Логиката вели – ако извештаите кои ги добивал биле сосема ок, тогаш немало кримнал. Во превод, Филипче ја кажува вистината, а пациентите, јавноста, ЈО и МВР лажат?!?!

Ќе биде ли ова најлошиот обид за избегнување одговорност од независноста до сега?

sdsm org

 

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

На возилото од Министерството за политички систем му недостигале делови, а дел биле заменети

Следно

Конститутивната седница на новиот состав на Советот за координирање на ИКТ: Стратегија за дигитална иднина!

Latest from Blog

Бугарија преминува на евро

Бугарија вчера доби зелено светло од лидерите на Европската унија да го усвои еврото од 1 јануари 2026 година. Лидерите, собрани на Самитот на ЕУ во Брисел, го поддржаа предлогот на Европската

Масовен украински напад со дронови во Русија

Сообраќајот на мостот над реката Дон во областа Калачевски во рускиот Волгоградски регион е привремено ограничен за расчистување на остатоците од „масивниот“ украински напад со дронови, соопшти канцеларијата на регионалниот гувернер утрово.

Двоцифрен пораст на странски посетители, се очекува до крајот на годинава нивниот број да достигне околу 1,5 милиони

Државата бележи двоцифрен годишен пораст во бројот на странски посетители. Најновите податоци покажуваат 21.6 проценти раст во првата половина од оваа година, во однос на истиот период од минатата година. Ако се задржи

Роналдо официјално потпиша нов договор со Ал Наср

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо (40) официјално го продолжи договорот со Ал Наср. Саудискиот клуб тоа го потврди со видео во кое португалскиот играч едноставно кажа: „Ал Наср засекогаш.“ Иако Роналдо потпиша нов

Германија гo продолжи мандатoт на мисијата КФОР

БЕРЛИН (АА) – Германија го продолжи мандатот на мисиите на НАТО за мировни сили на Косово (КФОР) и на Привремените мировни сили на Обединетите нации (ОН) во Либан, известува Анадолу. Германскиот Парламент
Go toTop