51.000 ГОДИНИ: Најстарата пронајдена слика се наоѓа во Индонезија

July 4, 2024
1 min read

Голема црвена свиња опкружена со три човечки ликови – тоа е описот на засега најстарата откриена слика, создадена пред повеќе од 51.000 години, на ѕид во пештера во Индонезија. Со тоа, ова е најстарото уметничко дело во светот, објави денеска aвстралискиот Универзитет „Грифит“.

– Иако скромен по изглед, цртежот јасно раскажува приказна што го претставува и најстариот познат доказ за раскажување приказни. Тоа му претходи на пештерските слики во Ласко и Шове во Франција, изјави археологот Адам Брум, еден од авторите на научниот труд објавен во научното списание „Нејчр“ (Nature).

Сликата, иако „нагризана од забот на времето“ јасно го опишува дејството, слично како и енигматичната „Сцена на бунарот Ласко“ (стара 21.000 години) што прикажува човек со птичја глава кој соборува бизон. Претходниот рекорд го држеше сцена на лов, идентификувана од истите истражувачи од Универзитетот во Австралија во 2019 година, во индонезиска пештера, за којашто се процени дека е стара речиси 44.000 години.

Најновото откритие, во блиската пештера Марос-Пангкеп на островот Сулавеси, го означува „првиот пат кога е надмината бариерата од 50.000 години“, според истражувачот Максим Оберт, археолог од aвстралискиот Универзитет.

– Фактот што најраните претставници на нашиот вид можеле да раскажат ваква „софистицирана“ приказна преку уметност може да го промени нашето разбирање за когнитивната еволуција на хомо-сапиенсот… Според мое мислење, ова откритие ја зајакнува претпоставката дека фигуративната уметност првпат се појавила во Африка пред повеќе од 50.000 години и дека концептот станал пошироко распространет како што се проширувал нашиот вид, додаде научникот.

Истражувачите примениле нов метод кој користи ласери и софтвер за да генерира „мапи“ на обрасци на карпите заради одредување старост на сликата.

Оберт претпоставува дека делото веројатно го создале првите групи луѓе кои ја преминале Југоисточна Азија пред да пристигнат во Австралија, пред околу 65.000 години. Инаку, првите слики направени од човечка рака се едноставни линии, откриени во Јужна Африка и датираат од пред 100.000 години.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Меси неизвесен за мечот со Еквадор

Следно

Ќе донесат ли камерите поголема сообраќајна култура и безбедност?

Latest from Blog

ВИДЕО – Проданоски: Најголемата инвестиција е инвестицијата во нашите млади

Во прекрасниот амбиент на паркот кај Могилата на непобедените во Прилеп, вечерва беше одржан настан посветен на најуспешните ученици, учесници на државни и меѓународни натпревари, како и на првенците на генерациите. Дејан

Браво за Зеленортските Острови

Синоќа и утринава се одиграа уште шест меча од 3.коло во групната фаза на ова СП. Интересни резултати, сензации, имаше и калкулации ама секако дека најголемото пријатно изненадување е селекцијата на Зеленортските

Македонската берза ја заврши неделата со промет од 72,8 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 22.06.2026 до 26.06.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 72.798.475 денари, од кои

Израел и Либан постигнаа мировен договор во Вашингтон- Рубио: Ова е чекор кон мир

Либанската амбасадорка Нада Моавад и нејзиниот израелски колега Јехиел Лајтер го потпишаа трилатералниот документ со САД во Стејт департментот во Вашингтон. „Со задоволство го објавуваме рамковниот договор“ меѓу Либан и Израел, „со
Go toTop