22 години затвор за четири лица вмешани во убиството на Оливер Ивановиќ

June 28, 2024
1 min read

Основниот суд во Приштина осуди на вкупно 22 години затвор четворица косовски Срби обвинети за вмешаност во убиството на политичарот Оливер Ивановиќ, што се случи во јануари 2018 година во Северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина.

Судот ги прогласи за виновни Марко Рошиќ, Недељко Спасојевиќ, Драгиша Марковиќ и Жарко Јовановиќ, а Силвана Арсовиќ и Раде Басара се ослободени.

Марко Рошиќ е осуден на десет години затвор и парична казна од 10.000 евра, Недељко Спасојевиќ на четири години и шест месеци затвор и 4.500 евра. Полицајците Драгиша Марковиќ и Жарко Јовановиќ се ослободени од обвинението за злоупотреба на службената положба, но осудени се на по четири години затвор за кривичното дело недозволено поседување, употреба и контрола на оружје, објави судијата Ваљон Куртај. Во казната ќе им биде вклучено и времето поминато во притвор и домашен притвор.

На изрекувањето на пресудата не присуствуваа обвинетите, туку само нивните бранители.

Судењето на обвинетите за помагање во убиството на Оливер Ивановиќ започна во јули 2021 година, две и пол години по убиството.

За овој случај во бегство се Жељко Бојиќ, Звонко Веселиновиќ, Милан Радоичиќ и уште двајца непознати обвинети.

Оливер Ивановиќ беше убиен со шест истрели во грбот утрото на 16 јануари 2018 година, пред седиштето на неговата граѓанска иницијатива „Слобода, демократија правда“ во Северна Митровица.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кои се Американците уапсени во Русија?

Следно

Во земјотресот што го погоди пацифичкиот брег на Перу повредени се пет лица

Latest from Blog

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop