Во земјотресот што го погоди пацифичкиот брег на Перу повредени се пет лица

June 28, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку пет лица се повредени во земјотресот со магнитуда од 7,2 степени, кој според Американскиот геолошки институт утринава го погоди јужниот дел на Тихиот Океан, 91 километар југоисточно од Сан Хуан де Маркона во Ика, Перу, јавува Анадолу.

Според податоците на Геолошкиот институт (USGS), земјотресот се случил денес во 12:36 часот според времето во Лима (5:36 GMT) во провинцијата Наска во регионот Ика.

„Земјотресот беше на длабочина од 28 километри и е почувствуван на широко подрачје“, извести „Волкано дискавери“.

По земјотресот, Министерството за здравство на Перу соопшти дека е укажана помош на пет повредени лица.

Жителите на регионот Ика и околните области известија за интензивен земјотрес, иако деталните проценки за штетите и жртвите сѐ уште се во тек.

Центарот за предупредување од цунами на САД потоа соопшти дека опасноста од цунами најверојатно поминала.

Властите внимателно ја следат ситуацијата и се координираат со локалните служби за итни случаи за да обезбедат брза реакција и помош.

Сеизмичката активност не е невообичаена во овој регион, кој се наоѓа покрај огнениот прстен на Пацификот, познат по честите земјотреси и вулкански ерупции.

Американскиот геолошки институт соопшти дека продолжува да ги следи последователните потреси и потенцијалот за понатамошна сеизмичка активност.

На жителите им се препорачува да бидат внимателни и да ги следат безбедносните протоколи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

22 години затвор за четири лица вмешани во убиството на Оливер Ивановиќ

Следно

Република Туркије отстранета од „сивата листа“ на ФАТФ

Latest from Blog

Гаши-Папуашвили: Во периодот што следи да се интензивира соработката меѓу двете држави

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, кој од 30 јуни до 1 јули 2026 г. е во официјална посета на Грузија, денеска имаше средба со претседателот на Парламентот на

Светски економски форум: Македонија со раст од 14,5% во чистата енергија

Додека глобалната енергетска транзиција забавува под притисок на геополитичките кризи, високите инвестициски трошоци и недоволно развиената инфраструктура, Македонија е меѓу државите што годинава бележат најголем напредок во развојот на чистата енергија. Ова

Меџити: Објавен јавниот повик за поставување нови лифтови во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективните станбени згради во општината, со што започнува реализацијата на еден од
Go toTop