15-ГОДИШНИОТ АХМЕТ НА ГЕОРГИ УНКОВСКИ Е СОВРЕМЕН КЕВИН БЕЈКОН, ВЕЛИ „ХОЛИВУД РИПОРТЕР“ ПО ПРЕМИЕРАТА НА „ДИЏЕЈ АХМЕТ“ НА САНДЕНС

January 24, 2025
2 mins read

„Елегантен и привлечен“, „Инспиративна приказна за созревањето…“ се дел од впечатоците во критиката на Холивуд рипортер“ по светската премиера на „Диџеј Ахмет“, дебитантскиот филм на режисерот Георги Унковски. Филмот премиерно беше прикажан синоќа на фестивалот  Санденс во Парк Сити, Јута, во конкуренција за награди на програмата Светски филм.

Рецензијата насловена „Техно музиката и овчарството се судираат во трогателна приказна за созревањето“, почнува со реченицата : „Замислете си го ‘Безгрижен’ (Footloose) да се случува токму сега во едно мало село во Северна Македонија и ќе ја добиете атмосферата зад трогателниот игран филм деби на сценаристот и режисер Георги М. Унковски, ‘Диџеј Ахмет’“.

„Диџеј Ахмет“, на турски и македонски јазик, е драма со примеси на комедија  за Ахмет, 15-годишно момче од забито јуручко село во Источна Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката и сонува да стане диџеј додека се справува со очекувањата на татко му, конзервативната заедница и неговото прво искуство со љубовта – девојка која веќе му е ветена на некој друг.

Во критиката меѓудругото стои: „Работејќи со претежно аматерска актерска екипа, Унковски успеал сите да создадат солидни натуралистички изведби, особено симпатичниот новајлија Јакуп“, како и „Режисерот и кинематограферот Наум Доксевски го капат филмот во златно светло кое е далеку од мрачниот изглед на многу уметнички филмови сместени во поранешните балкански земји“.

„Диџеј Ахмет“ е драма со примеси на комедија  за Ахмет, 15-годишно момче од забито јуручко село во Источна Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката и сонува да стане диџеј. (Фото: Санденс)

Филмскиот критичар исто така вели: „ Симпатичниот новајлија Јакуп глумејќи тинејџер чие лице е изгорено од сонце од секојдневната работа на планината и кој го носи истиот каллив комбинезон во речиси секоја сцена, постепено му открива на Ахмет дека е вистински бунтовник во стилот на Кевин Бејкон зад неговото селско однесување. И додека момчето никогаш не е блиску до вистински диџеј, тој го прави единственото нешто што го прават сите добри диџеи: тој го одржува ритамот жив“.

Режисерот Унковски има и интервју во „Вараети“.

Позитивна е и рецензијата во Скринанархи“ , каде стои: „Не го потценувајте ‘Диџеј Ахмет’, играното деби на сценаристот и режисер Георги М. Унковски. На површина како тинејџерска романса, филмот им дава ново светло на познатите формули на неочекувани начини. Унковски е паметен режисер, неговиот филм е и диво егзотичен и целосно приземен, врзан за специфична култура, но сепак се занимава со универзално препознатливи проблеми. Тоа е солидно деби“.

Позитвни реакции има и во Скрин дејли“ и Лауд енд клиар“.

„Диџеј Ахмет“ се снимаше лани во октомври и ноември во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш и во Скопје. Сценографи се Дејан Ѓошевски и Александра Чевреска, костимограф Роза Трајчевска, шминка и маска Душица Вуксановиќ-Дуда, снимател на тон Павел Јан, монтажер Михал Раих. Во главните улоги се Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед. Во останатите улоги се Селпин Керим, Елхаме Билал, Адем Карага, Метин Ибрахим и други. Кастинг директор е Киријана А. Николоска.

Филмот е копродукција помеѓу „Синема футура“ и „Сектор филм“ од Македонија, „Алтер вижн“ и „Аналог вижн“ од Чешка, „Бекрум продукција“ и „Баш Челик“ од Србија. Продуценти на филмот се Иван Унковски и Ивана Шекуткоска.

Филмот беше поддржан со 23.5 милиони денари (околу 380.000 евра) на конкурсот на Агенцијата за филм за 2020 година во втор рок на одлучување, а доби поддршка од 160 илјади евра на паневропскиот филмски фонд Еуримаж.

Унковски после 5 години се враќа на Санденс, најголемиот американски фестивал на независен филм, основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд. Неговиот успешен краток филм „Налепница“ во 2020 исто така имаше премиера на Санденс.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Катимерини: Патот на Северна Македонија кон ЕУ останува затворен по вина на нејзиниот премиер, Кристијан Мицкоски

Следно

Мицкоски: Македонското прашање никогаш нема да биде затворено, ќе се борам!

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop