1.700 милионери го напуштиле Израел поради војната во Газа

April 8, 2025
1 min read

ЕРУСАЛИМ / АНКАРА (АА) – Најмалку 1.700 милионери го напуштиле Израел во текот на 2024 година поради влошените економски услови како последица од војната во Газа, објавија израелски медиуми денес, јавува Анадолу.

Според податоците на британската компанија за миграциски услуги „Хенли и партнерс“ и јужноафриканската фирма за анализи „Ново светско богатство“, бројот на милионери во централниот дел на Израел, особено во Тел Авив и Херцлија, паднал од 24.300 во 2023 година на 22.600 во 2024 година.

„Ова значи дека Израел го напуштиле најмалку 1.700 милионери во текот на изминатата година“, наведуваат од „Хенли и партнерс“.

Иако извештајот не наведува конкретни причини за нивното заминување, израелските медиуми претходно посочија дека голем број Израелци ја напуштиле земјата поради војната во Газа и нејзиното влијание врз економијата и безбедносната ситуација.

Во 2023 година, меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Израел од A+ на A.

Од почетокот на израелската офанзива во октомври 2023 година досега во Газа се убиени над 50.800 Палестинци, повеќето жени и деца.

Во ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната против енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопска ЗОО: Ламата ја лекувавме, но угина од туберкулоза за која нема лек

Следно

Објавен составот на Реал Мадрид на неколку часа пред спектаклот на „Емирати“

Latest from Blog

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад
Go toTop