Ампева: Потребни се решенија за животна плата, не само покачување на минималната

October 24, 2024
1 min read

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ истакна дека треба да се фокусираме на животната плата, а не само на покачување на минималецот, откако опозицијата предложи зголемување на минималната плата на 450 евра. Според неа, потребни се суштински решенија, а не политички одлуки.

Бизнис секторот предупредува дека политичките одлуки негативно влијаат на стопанството и државата. Тие бараат нов Закон за ослободување од придонеси за зголемување на платите, по моделот од 2019 година, кој дал добри резултати.

Во текстилниот сектор се чувствуваат последици од недостатокот на нови странски партнери и проблемите на пазарот во ЕУ, особено во Германија. Бошков од Бизнис конфедерацијата нагласи дека ситуацијата на Блискиот исток може да се искористи за привлекување нови партнери.

Според истражувањето на „Гласен синдикат“, работниците во реалниот сектор сè уште примаат минимална плата без додатоци за смена, прекувремена работа и работа на празници.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во август 2024 година изнесува 41.097 денари или 668 евра.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Следно

Запалено возилото на новинар од Штип

Latest from Blog

Собранието на Косово и во 15-тиот обид не успеа да избере претседател и потпретседатели

Пратениците во Собранието на Косово ниту денеска за време на 15-тото продолжение на конститутивната седница, не успеаја да го изберат претседателот и потпретседателите на Законодавниот дом.  Претседавачот со конститутивната седница, Авни Дехари

Директорот за комуникации на Турција, Алтун: Турција е решена трајно да го искорени тероризмот

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Директорот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, денес изјави дека Турција е решена трајно да го искорени тероризмот и чекор по чекор да изгради „Турција без тероризам“, јавува

ММА спектакл во Скопје

Министерството за спорт ќе биде главен покровител на силниот Меѓународен турнир најавен како големиот спектакл во ММА борби што ќе го организира Македонската ММА федерација на 6 септември годинава во Скопје. На

Кремљ соопшти дека Русија продолжува со подготовките за разговори во Истанбул

МОСКВА (АА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес потврди дека Русија продолжува со подготовките за мировните преговори со Украина, закажани за четврток во Истанбул, јавува Анадолу. „Руската страна продолжува со подготовките
Go toTop