ЗНМ реагира на односот на службеници во МОН кон новинарка

February 1, 2023
1 min read

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагираше на односот од страна на државен службеник кон новинарката Арбана Ќерими од ТВ Клан за време на вчерашната прес конференција во Министерството за образование и наука.

За време на прес конференцијата, организирана од страна на Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, новинарката Ќерими била вербално омаловажена од страна на советник за образовни политики во Министерството за образование и наука.

-ЗНМ контактираше со новинарката на ТВ Клан, Арбана Ќерими и таа телефонски ни изјави: „На конкретно поставено новинарско прашање дали Министерот за образование Јетон Шаќири се чувствува виновен за недостигот на книги и за грешките во учебниците, тој одговори дека не се чуствува виновен, бидејќи тоа го координира Националниот совет во Владата. Потоа на крајно непрофесионален начин, советникот ми се обрати дека сум поставувала тенденциозни прашања за да го извадам министерот од контекст…“ изјави Ќерими.

По завршувањето на пресконференцијата, на таквиот однос кон новинарката реагирале и другите новинари кои му посочиле на советникот дека нема тендециозни прашања и дека сите поставени новинарски прашања се легитимни, соопштија од ЗНМ.

Од Здружението бараат од Министерството за образование и наука да се извинат за настанот и да спроведат внатрешна постапка за испитување на одговорноста во оваа ситуација.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Австралија: Пронајдена мала радиоактивна капсула по која се трагаше со денови

Следно

Авион принудно слета во Белград, едно лице почина

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop