ЗНМ: Новинари спречени да известуваат од настан на кој присуствувал премиерот Ковачевски

January 11, 2023
1 min read

За време на денешниот настан во кругот на фабриката „Пекабеско” во Скопје каде бил присутен Претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски, новинарите Љупче Златев и Предраг Кукиќ биле спречени да присуствуваат на настанот и да постават прашања до Премиерот.

Според информациите кои пристигнаа до ЗНМ од колегите новинари присутни на настанот, од страна на лице вработено во приватната агенцијата за обезбедување РОТЕ им биле побарани новинарски акредитации кои според сведочењето на новинарите тие им ги покажале и потенцирале дека добиле покана од Владата за овој настан. Обезбедувањето сепак ги спречило да влезат на настанот, за да си ја извршат својата новинарска задача.

По реакциите од страна на нашите колеги новинари за овој инцидент, ЗНМ ќе достави претставка до Комората за приватно обезбедување на Република Северна Македонија со цел расчистување на овој инцидент за агенцијата за обезбедување РОТЕ.

Потребно е да се знае дека припадниците на агенциите за приватно обезбедување во ниеден случај не смеат да ја ограничат работата на новинарите и медиумските работници кои известуваат бидејќи на тој начин се ускратува и правото на информирање на граѓаните.

Укажуваме дека одговорноста за вакви попречувања на работата на новинарските екипи е и на товар на организаторот и на Владата која ги поканила новинарските екипи. Затоа бараме и Владата и компанијата Пекабеско да спроведат внатрешна истрага за да се спречат вакви инциденти во иднина, реагираат од ЗНМ.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во САД обновени домашните летовите

Следно

Тепачка меѓу осум лица пред угостителски објект во Скопје

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop