Земјотресот во Туркије досега одзеде 18.342 животи

February 10, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 18.342 лица загинаа, а 74.242 се повредени по двата силни земјотреси кои во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије, а кои се окарактеризирани како „катастрофа на столетието“, потврди турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), известува Анадолу.

Два разорни земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер, во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш, а бројни спасувачки екипи и понатаму посветено работат на акциите за претрага и спасување на луѓето заробени под урнатините на зградите.

Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) објави дека во моментов на терен работат повеќе од 120.000 спасувачи и трагачи.

„Над 70.000 луѓе се евакуирани од регионите погодени од земјотресите“, соопшти АФАД.

Покрај спасувачките тимови, во погодените подрачја се испратени и шатори, ќебиња, храна и тимови за психолошка поддршка.

„Над 97.970 семејни шатори се поставени за сместување на преживеаните“, објави АФАД.

Екипите на терен деноноќно работат веќе петти ден за да спасат што е можно повеќе луѓе кои се заробени под урнатините по разорните земјотреси кои ги потресоа јужните делови на Туркије во понеделникот.

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, претходно рече дека 95 земји и 16 меѓународни организации ѝ понудиле помош на Туркије, а многу земји испраќаат тимови за претрага и спасување, лекари, мобилни болници и материјали за помош во регионите погодени од земјотресите.

Зборувајќи во Анкара, главниот град на Туркије, Чавушоглу информира дека во подрачјата погодени од земјотресите се наоѓаат 6.479 луѓе од 56 земји.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Алијанса за Албанците влегува во Владата, собраниска седница за реконструкција можна и в понеделник

Следно

СПАСЕН ПО 94 ЧАСА ПОМИНАТИ ПОД УРНАТИНИТЕ – ја пиев сопствената урина за да преживеам (ВИДЕО)

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop