Земјотрес во Туркије: Турските вооружени сили воспоставија воздушен коридор за помош

February 6, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турските вооружени сили воспоставија воздушен коридор за префрлање на тимовите за пребарување и спасување во регионот погоден од земјотресот во јужна Туркије, јавува Анадолу.

Министерот за одбрана Хулуси Акар во командата на 11. база на воздушниот сообраќај ги следи активностите кои се преземаат по земјотресот.

„Ги мобилизиравме нашите летала за да испратиме медицински тимови, тимови за пребарување и спасување и возила во регионот погоден од земјотресот. Ја максимизиравме подготвеноста на нашите авиони за да го обезбедиме неопходниот транспорт“, рече Акар.

Министерството за одбрана презеде активности за транспорт на тимовите за пребарување и спасување до подрачјето погодено од земјотресот.

Голем број транспортни авиони, меѓу кои транспортни авиони ТАФ А400м, превезуваат тимови за пребарување и спасување и возила во регионот. Во воздушниот коридор за помош учествуваат и амбулантните авиони.

Акар изјави дека и меѓу војниците има жртви во земјотресот.

„Вооружените сили продолжуваат да ги утврдуваат штетите и жртвите во своите редови. За жал, имаме тројца загинати и повредени“, рече тој.

Најмалку 284 лица загинаа, а 2.323 се повредени во десет турски области од силниот земјотрес што утрово ги погоди јужните делови на Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Екс хрватски голман со шокантна исповед за земјотресот во Турција кој траел повеќе од 1 минута

Следно

Спасувачки тимови од Холандија и Романија на пат кон Туркија која ја потресе силен земјотрес

Latest from Blog

Неделен промет од 54,8 милиони денари – блок трансакција со УНИ Банка ја одбележа берзата

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во неделниот извештај за периодот 27.04.2026–30.04.2026 година вкупниот промет на сите пазари изнесува 54.887.415 денари. Ликвидноста на ниво

УНИ Банка перпетуални обврзници (UNIPO2), Македонски Телеком (TEL) и Алкалоид (ALK) со најголем неделен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во неделниот извештај за периодот 27.04.2026–30.04.2026 година вкупниот промет на сите пазари изнесува 54.887.415 денари. Ликвидноста на ниво
Go toTop