Голем пожар во близина на мистериозната Област 51 во Невада

July 31, 2026
1 min read

Голем шумски пожар во близина на „Областа 51“ (Area 51) – таен објект на Военото воздухопловство на САД во Невада – брзо се шири, а засега е ставен под контрола само седум отсто од пожарот, соопшти американското Биро за управување со земјиштето (BLM).

Пожарот, наречен „Квејл Спрингс“ (Quail Springs), настанал од удар на гром и гори веќе речиси една недела. Досега се зафатени повеќе од 54,6 квадратни километри. Неговото ширење е поттикнато од непристапниот терен, високите температури и сувите ветрови. За ова подрачје сè уште е на сила предупредување за екстремни горештини, кое ќе важи најмалку до недела, а во блиска иднина не се очекуваат врнежи.

Од BLM соопштија дека пожарот во моментов не претставува закана за домовите или јавните површини, иако жителите на малото место Рејчел се предупредени за чадот.

Пожарот се шири низ Полигонот за тестирање и обука во Невада (NTTR) – воена зона затворена за јавноста, пренесува Би-би-си.

Овој воен комплекс се наоѓа во близина на „Областа 51“ (Area 51), која била формирана за време на Студената војна меѓу САД и Советскиот Сојуз како објект за тестирање и развој на воздухоплови. Она што се случува внатре во „Областа 51“ и денес останува строго чувана тајна.

Пристапот за јавноста е забранет, а забраната се спроведува преку предупредувачки знаци, електронски надзор и вооружени чувари. Токму таа таинственост со децении поттикнува бројни теории на заговор – од кои најпозната е тврдењето дека во базата се чуваат вонземјани чии вселенски летала наводно се урнале на Земјата.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зошто владата на Мицкоски не објавува документ за водата во Гостивар, прашуваат од СДСМ

Следно

Реал новата „деветка“ ја купи од Леванте

Latest from Blog

Реал новата „деветка“ ја купи од Леванте

Реал Мадрид го купи најдобриот напаѓач на екипата на Леванте, Карлос Еспи. 21-годишниот фудбалер потпиша договор со мадридскиот клуб до 30 јуни 2031 година. Трансферот на Еспи го означи најголемиот трансфер на

Зошто владата на Мицкоски не објавува документ за водата во Гостивар, прашуваат од СДСМ

Клековски најави дека до крајот на неделава се очекува водата во Гостивар да биде безбедна за пиење. Еве го крајот на неделата дојде, велат од СДСМ. „Сосема спротивно од неговите најави, Христијан

Училиштата во САД воведуваат дронови со бибер спреј : Нема да им избегате

Системот вклучува дроновите да бидат во постојана готовност и да се активираат по потреба, пишува Futurism. Производителот Mithril Defense вели дека неговите дронови можат да достигнат брзина до 100 километри на час

Муцунски: Немаме план Б за ЕУ, но не прифаќаме решение по секоја цена

Министерот за надворешни работи ја обвини претходната власт за создавање хаос преку прифаќање непромислени обврски и убедување на Софија дека обични записници се правно обврзувачки документи. Надминувањето на билатералниот проблем е клучниот
Go toTop