Зошто владата на Мицкоски не објавува документ за водата во Гостивар, прашуваат од СДСМ

July 31, 2026
1 min read

Клековски најави дека до крајот на неделава се очекува водата во Гостивар да биде безбедна за пиење. Еве го крајот на неделата дојде, велат од СДСМ.

„Сосема спротивно од неговите најави, Христијан Мицкоски изјави дека има „нови бактерии“ во водата.

Секој си тера своја приказна а граѓаните се збунети и не знаат што да прават.

Над 4.000 луѓе се отруени во Гостивар, а владата на Мицкоски никако да објави документ за водата во Гостивар.

Зошто не се објавува документ за водата?“, прашуваат од СДСМ.

Според нив, нема документи, нема анализи, нема, како што велат, кој потпишал и одобрил.

„Како граѓаните сега да веруваат кога нема ниту извештај, ниту кој потпишан, ниту кој одобрил да се користи водата како техничка?

Никој не им верува на изјавите на Мицкоски и Клековски затоа што многу лажат.

Веќе ги криеја резултатите и тоа доведе до над 4.000 заразени и појава на епидемија на жолтица во Гостивар.

Не може граѓаните да им веруваат кога министерот за полиција кој нема никакво познавање и експертиза а се занимава со водоснабдување и хиперхлорирање“.

Доплнително од опозициската партија прашуваат, која институција им гарантира на граѓаните чиста техничка вода.

„Во име на граѓаните на Македонија и на Гостивар, бараме денеска да се објават јавно извештаите за водата во Гостивар.

Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста вода и име на оној што гарантира дека е чиста“.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манчестер Сити категоричен: Родри може да оди во Реал, ама само за 75 милиони евра

Следно

Голем пожар во близина на мистериозната Област 51 во Невада

Latest from Blog

Реал новата „деветка“ ја купи од Леванте

Реал Мадрид го купи најдобриот напаѓач на екипата на Леванте, Карлос Еспи. 21-годишниот фудбалер потпиша договор со мадридскиот клуб до 30 јуни 2031 година. Трансферот на Еспи го означи најголемиот трансфер на

Училиштата во САД воведуваат дронови со бибер спреј : Нема да им избегате

Системот вклучува дроновите да бидат во постојана готовност и да се активираат по потреба, пишува Futurism. Производителот Mithril Defense вели дека неговите дронови можат да достигнат брзина до 100 километри на час

Муцунски: Немаме план Б за ЕУ, но не прифаќаме решение по секоја цена

Министерот за надворешни работи ја обвини претходната власт за создавање хаос преку прифаќање непромислени обврски и убедување на Софија дека обични записници се правно обврзувачки документи. Надминувањето на билатералниот проблем е клучниот
Go toTop