Земјотрес со интензитет од 6 степени ја потресе Индонезија

1 min read

АНКАРА (АА) – Земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала денес ја потресе Индонезија, соопшти Метеоролошката, климатска и геофизичка агенција на таа земја, пренесува Анадолу.

Агенцијата наведе дека потресот ја погодил индонезиската провинција Малуку.

Засега нема информации за повредени, ниту е пријавена материјална штета.

Земјотресот се случил во 16:19 часот по локално време, на длабочина од 60 километри, со епицентар на 167 километри североисточно од градот Туал.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Разузнавачката служба од странство во Туркије го донесе терористот на ПКК, Расим Акјол

Следно

Во понеделник ЈСП ќе вози со изменет возен ред

Latest from Blog