Разузнавачката служба од странство во Туркије го донесе терористот на ПКК, Расим Акјол

1 min read

АНКАРА (АА) – Разузнавачката служба на Туркије (МИТ) со успешна операција од странство го донесе бараниот терорист на ПКК/КЏК-ПДЈ/ЈПГ, Расим Акјол, известува Анадолу.

Според информациите до кои дојде новинарот на АА од безбедносни извори, терористот-бегалец Акјол планирал бегство во Eвропа од земјата во која престојувал.

Акјол претходно во отсуство е осуден на затворска казна од 15 години поради „снабдување со оружје на вооружени терористички групи“.

Акјол е баран и поради помагање на група терористи на ПКК, кои во 2018 година се приведени со 25 килограми експлозив во турската област Хатај.

ПКК е сепаратистичка организација што се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, Европската Унија и во САД. Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија над 40.000 луѓе. Терористичката организација ЈПГ е сириски огранок на ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Претходно

И трансакциите кон „Бехтел и Енка“ ќе останат тајна, ЈПДП не е на „Отворени финансии“

Следно

Земјотрес со интензитет од 6 степени ја потресе Индонезија

Latest from Blog