Земјотрес со интензитет од 4,8 степени ја потресе турската област Болу

March 16, 2023
1 min read

БОЛУ (АА) – Земјотрес со интензитет од 4,8 степени по Рихтер во 13:55 часот по локално време ја потресе турската област Болу, пренесува Анадолу.

Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) на својата интернет-страница објави дека епицентарот на земјотресот со интензитет од 4,8 степени се наоѓа во подрачјето на градот Болу.

Земјотресот бил на длабочина од 8,13 километри.

Земјотресот што бил почувствуван и во соседните области Суџе и Сакарија, предизвикал паника, а некои од граѓаните излегле на улица.

Јунус Сезер, претседателот на АФАД, соопшти дека засега нема негативни појави во врска со земјотресот со епицентар во подрачјето на Болу.

Сезер на својот профил на социјалните мрежи објави: „По земјотресот од 4,8 степени што ја потресе областа Болу, засега нема негативна ситуација. Продолжува скенирањето на теренот. Нека им е со помин на сите наши граѓани во регионот.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Северна Македонија пред одлука да ѝ донира 12 хеликоптери на Украина

Следно

Од воведувањето на новите протоколи, пристигнале само две дојави за бомби

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop