Земјотрес на Филипините, нема информации за жртви

1 min read

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Филипините во текот на ноќта, соопшти Сеизмолошкиот институт USGS, додавајќи дека нема извештаи за жртви или материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 20 километри, на 11 километри од најблиското село на островот Масбате.

Не се издадени предупредувања за цунами.

Филипинската сеизмолошка служба соопшти дека регистрирала повеќе од 80 последователни потреси.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

САД: Русите киднапираат деца од Украина и ги праќаат на превоспитување и посвојување во Русија

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Македонскиот културен идентитет трн во окото на власта, роман за Гоце Делчев не добива средства, а Рациновите средби кои одбелeжуваат 6-та деценија имаат само минорна помош

Latest from Blog