Зеленски: За одбрана од руските напади потребни се модерни борбени авиони

February 28, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека на неговата земја ѝ требаат модерни борбени авиони за да се одбрани од руските напади, јавува Анадолу.

„Потребна ни е авијациската компонента на воздушната одбрана – модерни борбени авиони – за да ја заштитиме целата територија на нашата земја од рускиот терор. Противвоздушната одбрана е комплетна само кога е поддржана од авијацијата“, порача Зеленски во синоќешното обраќање.

Зеленски понатаму рече дека украинските пилоти веќе вршат добра работа, заедно со противавионските стрелци и вештите припадници на Воздухопловните сили, но тие ќе можат целосно да воспостават воздушна супериорност кога „ќе се укине авијациското табу во односите со нашите партнери“.

Изјавите на Зеленски дојдоа по загинувањето на две лица во вчерашниот напад со дрон во западниот украински град Хмелницки.

Украинската војска соопшти дека Русија извршила напади на Украина од север со 14 беспилотни летала, истакнувајќи дека 11 од нив биле уништени од системите за противвоздушна одбрана.

Од почетокот на руско-украинската војна, што влезе во својата втора година, досега загинати се над 8.100 цивили, додека речиси 13.500 се ранети, покажуваат последните податоци на Обединетите нации (ОН).

Откако се обезбеди со американските тенкови „Абрамс“ и германските „Леопард“, Украина го насочи своето внимание кон добивање на модерни борбени авиони.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Акар: „Околу 42.000 Сиријци од Туркије доброволно си заминаа дома по земјотресите“

Следно

Муцунски и кошаркарите од МЗТ Скопје се вклучија во одбележувањето на Светскиот ден на ретки болести во Аеродром

Latest from Blog

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола

„КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ АЛАРМИРА за ризиците од сајбер-напади и нови вируси

Нобеловецот предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да предизвика катастрофални последици преку сајбер-напади, дезинформации и развој на опасни вируси Џефри Хинтон, добитник на Нобеловата награда за физика за 2024 година, рече дека
Go toTop