Муцунски и кошаркарите од МЗТ Скопје се вклучија во одбележувањето на Светскиот ден на ретки болести во Аеродром

February 28, 2023
1 min read

Денеска со низа различни активности низ училиштата во Аеродром беше одбележан Светскиот ден на лицата ретки болести. Со свој придонес во неговото одбележување се вклучија градоначалникот Тимчо Муцунски и кошаркарите од МЗТ Скопје кои заедно со дечињата од училиштата „Димитар Македонски“ и „Гоце Делчев“ со обоените дланки испратија јасна порака дека даваат поддршка за лицата кои живеат со ретките болести во Македонија.

Градоначалникот Муцунски заедно со дечињата ја обои својата рака со зелена боја, при што потенцираше дека целта на денешниот ден е го подобри знаењето кај јавноста за ретките болести, истовремено охрабрувајќи ги истражувачите и носителите на одлуки да одговорат на потребите на оние кои живеат со ретки болести.

„Секој живот е подеднакво важен, а сите заедно можеме да направиме значајни промени во општеството. Токму поради ова, јас и општината Аеродром во следниот период остануваме отворени и подготвени за поддршка на лицата кои живеат со ретки болести и организациите кои делуваат во оваа област“ истакна Муцунски по завршувањето на настанот.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зеленски: За одбрана од руските напади потребни се модерни борбени авиони

Следно

Бектеши: Компаниите не се оштетени со замрзнувањето на цената на лебот

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop