Зеленски ги критикуваше ОН и Црвен крст: Шокиран сум

June 8, 2023
1 min read

Премиерот Денис Шмихал ги повика меѓународните хуманитарни организации да обезбедат итна помош

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е „шокиран“ од неуспехот на Обединетите нации и Црвениот крст да помогнат по уништувањето на огромната брана Каховка, додека неговиот премиер повика на итна помош од меѓународните хуманитарни организации.

„Иако катастрофата се случи пред неколку часа, тие не се тука. Не добивме одговор. Шокиран сум“,

изјави Зеленски за германските весници „Билд“ и „Ди Велт“, како и за Политико.

Премиерот Денис Шмихал ги повика меѓународните хуманитарни организации да обезбедат итна помош.

„Руските окупатори не се ни обидуваат да им помогнат на тие луѓе, тие ги оставија да умрат. Ве повикуваме да преземете одговорност за евакуација на луѓето од областа на Херсонската област под руска окупација. Мораме да ги спасиме животите на луѓето кои беа осудени на смрт од окупаторите“,

рече Шмихал на англиски во видео објавено на Телеграм.

Зеленски рече дека руските војници пукале од далечина додека биле во тек спасувачките напори.

„Штом нашите луѓе се обидат да ги спасат, пукаат врз нив“,

рече украинскиот претседател.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Интер доби засилување во пресрет на финалето од ЛШ

Следно

Емерсон стана првиот играч во историјата кој освоил пет различни натпреварувања на УЕФА

Latest from Blog

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето

Свештеникот упати трогателна порака до трите мали деца на Жота на неговиот погреб

Жота и неговиот брат загинаа во сообраќајна несреќа што се случи по полноќ во четвртокот, кога автомобилот од марката Ламборџини излета од патот и се запали. Браќата беа погребани денеска во родниот

ЕУ подготвува опции за санкции додека притисокот врз Израел расте

ЛОНДОН (АА) – Европската Унија се очекува да претстави серија можни казнени мерки против Израел следната недела како одговор на неговите дејствија во Газа, иако поделбите меѓу земјите членки го прават нивното
Go toTop