Зеленски: Бахмут не е под окупација на Русија

May 21, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, ги отфрли руските тврдења и рече дека украинскиот град Бахмут не е под окупација на руските сили, известува Анадолу.

По повод изјавата на руското Министерство за одбрана дека го зазеле градот Бахмут во Доњецката Област, Зеленски изјави: „Бахмут денес не е окупиран од страна на Руската Федерација.“

Зеленски на маргините на самитот на лидерите на Групата Г7 во јапонскиот град Хирошима ги отфрли тврдењата на лидерот на парамилитантната група „Вагнер“ и руското Министерство за одбрана, кои изјавија дека ја презеле целосната контрола во Бахмут.

„Бахмут денес не е окупиран од страна на Руската Федерација. Нема два или три преводи на овие зборови“, рече Зеленски.

Тој истакна дека не може да ја изнесува својата стратегија на дејствување на украинските сили на теренот.

„Во моментов, Русија не може да нè окупира, не може да победи во оваа војна“, порача Зеленски.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије го осуди нелегалниот влез на израелскиот министер Бен Гвир во Ал Акса

Следно

Реал Сосиедад прв пат победи на „Камп Ноу“ по пауза од 32 години

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop