Зеќири: За голготата низ која поминуваат онколошките пациенти мора да има одговорност

January 26, 2025
1 min read

„Неспособната власт со денови ги остави пациентите на Онкологија без лекови и соодветна терапија. И наместо да преземе одговорност, да формира штаб, веднаш да го реши проблемот од власта слушаме несериозни изговори и оправдувања, за својата неспособност обвинуваат други“ изјави Белкиса Зеќири, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Таа додаде дека овој случај потврдува оти во владата има луѓе без грам одговорност, без трошка човештво и грижа за граѓаните.

„Единствено што ги интересира е како да си ја спасат сопствената кожа а не како да помогнат на пациентите на кои животот им е загрозен. Одговорноста за голготата низ која поминуваат онколошките пациенти е целосно кај власта поради неодговорното и ненавремено планирање и финансирање на јавните набавки за овие лекови“ рече Зеќири.

Таа додаде дека за пациентите кои страдаат и го ризикуваат животот одговорни се директорот на Клиниката на Онкологија, Директорот на Фондот за здравство и министерот Тараври и никој друг поради што треба да понесат одговорност.

„Власта да не си поигрува со човечки животи и да не бара срамни оправдувања, пациентите од тоа немаат ништо, тие чекаат лек за живот. Директорот на Клиниката за Онкологија, Игор Стојковски, Директорот на Фондот, Сашо Клековски и министерот за здравство, Таравари, веднаш да поднесат оставки“ повика Зеќири.

Таа исто така побара владата да формира кризен штаб и итно да ја обезбеди потребната терапија, а потоа да направи долгорочен план за обезбедување на оваа животно потребна терапија.

„Никој нема право да загрозува животи, за голгота низ која поминуваат онколошките пациенти мора да има одговорност“ рече Зеќири.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Камбовски: Единствено место за разрешување членови е во Судскиот совет

Следно

Засилени инспекции во угостителските објекти и зимските туристички центри

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop