Камбовски: Единствено место за разрешување членови е во Судскиот совет

January 26, 2025
1 min read

Факт е дека имаше проблеми во Судскиот совет, тоа можеше да го види целата јавност. Но, сепак мислам дека работите полека се средуваат, добиваат некој нормален тек како што треба да функционира Судскиот совет. Добар дел од членовите се променија, дојдовме нови членови, почнувајќи од јуни минатата година па до сега имаме четворица нови членови. Така што, оптимист сум дека во иднина Судскиот совет ќе биде на ниво на задачите кои ги има, вели во неделното интервју за Радио Слободна Европа, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски.

Тој вели дека негова цел е Судскиот совет самите судии да го чувствуваат како свој. Посочува дека има многу ниска доверба кај самите судии во Судскиот совет и затоа негова примарна цел ќе биде да успее да го зближи Судскиот совет до судиите.

-Мене тоа ми е една од најголемите желби или цели што сакам да ги остварам – судиите да го чувствуваат Судскиот совет како свој, ова е нивна куќа. Судиите тука имаат мнозинство, сакам да чувствуваат дека првенствено ние сме нивни заштитници, ја гарантираме нивната независност и интегритет, а не само да гледаат на Судскиот совет како на некое тело кое служи за нивно казнување или разрешување. Или на кој било друг начин да служиме за заплашување на судиите. Како што кажав на почетокот, да го чувствуваат за свој заштитник. Зборувам за судии кои работат чесно, по закон и по Устав и кои имаат интегритет што секој судија треба да го има, вели Камбовски.

Според него, единствено место каде е предвиден начин или постапка за разрешување на член на Судски совет е во Законот за Судски совет.

-На друго место јас не сум сретнал по законите дека постои таква можност – да бидат разрешени во некоја друга постапка. Значи, разрешувањето се одвива тука во Судскиот совет, нагласува Камбовски.

Вели дека критиките кон Судскиот совет не ги сфаќаат како притисок.

-Убаво е сите власти кои се во оваа држава да соработуваат помеѓу себе, да се критикуваат кога е тоа потребно затоа што критиката секогаш вродува со позитивни работи, да се коригираме дали ние, дали законодавната, дали извршната власт. Не го сфаќаме тоа како притисок, ниту го чувствуваме како притисок. Секој има право да критикува, се разбира, доколку таа критика е со позитивна намера да се подобрат работите и секогаш ги прифаќаме таквите критики, се трудиме да се поправиме во некои работи кои во минатото не биле добри за да се извршуваат на подобар начин, истакнува Камбовски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Џеда – музеј под отворено небо каде што историјата се спојува со современиот живот

Следно

Зеќири: За голготата низ која поминуваат онколошките пациенти мора да има одговорност

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop