Затворени избирачките места во Црна Гора, се бројат гласовите

March 19, 2023
1 min read

За претседател ќе биде избран кандидатот што ќе освои повеќе од половина од важечките гласови на гласачите. Доколку ниту еден кандидат не го добие потребниот број гласови, втор круг избори ќе се одржи за 14 дена, односно на 2 април

ФОТО: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Во 20 часот сите избирачки места во Црна Гора се затворени и се пребројуваат гласовите. Според податоците на ЦДТ, излезеноста до 20 часот била 63,6 отсто.

Од Центарот за мониторинг и истражување во 20:30 часот на прес-конференција ги презентираа прелиминарните резултати врз основа на досега обработените гласови.

За претседател ќе биде избран кандидатот што ќе освои повеќе од половина од важечките гласови на гласачите.

Доколку ниту еден кандидат не го добие потребниот број гласови, втор круг избори ќе се одржи за 14 дена, односно на 2 април.

Во втората изборна трка учествуваат двајцата кандидати кои освоиле најголем број гласови.

Граѓаните избираат меѓу актуелниот претседател и лидер на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ, заменик-претседателот на движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ, лидерот на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ, инфлуенсерот Јован Радуловиќ, претседателот на Обединета Црна Гора, Горан Даниловиќ, лидерот на Демократите Алекса Бечиќ и пратеничката Драгиња Вуксановиќ-Станковиќ од Социјалдемократската партија.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВИДЕО: Митровиќ збесна и го турна судијата, Јунајтед со пресврт до полуфинале во ФА Купот

Следно

Србија и Косово се договорија во Охрид, но не го потпишаа Анексот на Договорот – обврските влегуваа во преговарачката рамка

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop