Загина украинскиот министер за внатрешни работи во падот на хеликоптерот, меѓу жртвите и две деца

January 18, 2023
1 min read

Во хеликоптерската несреќа, според полициските извештаи, покрај министерот, загинал и неговиот заменик и државниот секретар, односно целокупното раководство на украинското Министерство за внатрешни работи

Шеснаесет лица, меѓу кои и деца, загинаа во хеликоптерска несреќа што утрово се случила во близина на градинка во градот Бровари во регионот на украинскиот главен град Киев, јавуваат агенциите.

Местото на падот на хеликоптерот на Државната служба за вонредни состојби на Украина/Фото: Принтскрин

Меѓу загинатите, според полициските извештаи, е и украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски, неговиот заменик и други претставници на министерството.

Хеликоптерот, како што пренесува Гардијан, паднал во близина на детската градинска која во тоа време работела и меѓу загинатите има две деца, додека уште десет деца се меѓу 22 лица кои се хоспитализирани.

„Утрово, на 18 јануари, во Бровари се урна хеликоптер на Државната служба за вонредни состојби. Како резултат на несреќата, загина раководството на Министерството за внатрешни работи: министерот, првиот заменик-министер и државниот секретар. Вкупно се знае дека загинале 16 лица, меѓу кои и две деца. Од нив, девет биле во хеликоптерот. 22 жртви се во болница, меѓу кои десет деца. Сите служби за итни случаи работат на локацијата. Увидот на местото на настанот е во тек“,

изјавил полицискиот началник Игор Клименко, цитиран од полицискиот канал на Телеграм.

На видеоснимка објавена на социјалните мрежи, која засега не е потврдена од независни извори, може да се види зграда обвиткана во пламен, додека на фотографии може да се забележи најмалку едно тело како лежи на земја среде урнатините.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Само зелено, луѓенца

Следно

Апсења на повеќе локации низ Скопје поради дрога

Latest from Blog

МВР објави конкурс за вработување на 101 лице – може да се аплицира со диплома од средно образование

Министерството за внатрешни работи објави конкурс за вработување на 101 лица. Ќе вработува 48 лица, приправници со или без работно искуство со високо образование и  53 вработени со средно образование. Право на

Филипче: Неприфаќањето на лидерска средба е сигнал за политичка калкулација од тензиите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека одбивањето на иницијативата за лидерска средба ќе испрати опасна порака – дека некои политички фактори можеби имаат интерес од продолжување на тензиите. Тој повика на

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потврди дека е продолжена рака на Заев, тој не се откажа од предавствата, аферите и криминалот

„Новиот“ тим на потрчкото на Заев, Венко Филипче се луѓе кои биле членови на поранешни НВО и Сорос активисти, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Филипче. Или Филипче само потврди дека е
Go toTop