Загадувањето доаѓа од многу страни и потребни се многу пристапи, велат од „Шанса за Центар“

January 28, 2023
1 min read

„Празните муабети, декларативните заложби и фрази за загриженост што ги расфрлаат големите партии нема да го решат проблемот со загадувањето на воздухот од кој секоја година прерано губиме луѓе. Ние од Шанса за Центар сме уверени дека нема магично, ниту брзо решение на проблемо со загадениот воздух кој го дишеме. Загадувањето доаѓа од многу страни и потребни се многу пристапи. Затоа, се насочивме да дополниме уште еден дел во мозаикот“, велат од Иницијативата.

„За да им помогнеме на институциите да ги согледаат сите страни на проблемот изработивме мапа која го покажува уделот на јавните институции во редот на загадувачите. Ги мапиравме јавните објекти и установи кои се греат на мазут и екстра лесно масло за домаќинство. Мазутот е исклучително „валкан” енергенс, но не е за потценување ниту екстра лесното гориво кое содржи многу повеќе сулфур отколку на пример највалканото автомобилско гориво – дизелот! Такви јавни објекти во Скопје кои ги согоруваат овие енергенси се најмалку 100! Барем ние толку успеавме да пронајдеме. Сигурно има уште… Количината на мазут и нафта за домаќинство која тие ја согоруваат е голема“, посочуваат тие во соопштението.

„На пример, ЈСП во своите автобази, Железници транспорт и Клиниката за физикална медицина и рехабилитација ќе согорат стотици илјади килограми мазут сезонава. Со нафтата за домаќинство пак која се гори во една сезона може да се наполни повеќе од олимписки базен. А тоа потоа го дишеме. Според договорите за јавни набавки за една сезона во скопската котлина може да се изгорат над 2,7 милиони литри нафта за домаќинство! На нафта за домаќинство се огромен број на училишта, градинки и болници во целиот град. Дури и Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле користи нафта за домаќинство. Во скопската котлина една јавна установа – затворот Идризово, ќе изгори и 550 тони јаглен за загревање. Сето тоа заедно исто така придонесува за загадувањето на воздухот! За да се промени начинот на греење кај домаќинствата е потребно повеќе време, напор, работа со граѓаните и пред сѐ прифатливи алтернативи за нив. Но за да се промени начинот на греење кај институциите е полесно. Потребна е главно политичка волја и одлучност да се пристапи кон решавање на проблемот и таму да се насочат сериозни пари од буџетот. Ова е причина повеќе, покрај другите мерки, и да се продолжи со проширувањето на мрежата за парно греење на која треба да се приклучат сите јавни институции кои имаат пристап до неа. Општините пак да работат на забрзана замена на начинот на греење на оние јавни објекти кои се во нивна надлежности, а на кои градското парно им е недостапно“, истакнаа од Шанса за Центар.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Цело СДС се слика со осудени криминалци, кои потоа бегаат од затвор и никој не понесува одговорност

Следно

Ново издание на 360° – интервју со Ковачевски: Влегува ли Алијанса и си оди (останува) ли Алтернатива?

Latest from Blog

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop