За в понедeлник закажана собраниската седница за реконструкција на Владата

1 min read

На собраниската седница в понеделник, на предлог на премиерот Димитар Ковачевски, треба да бидат разрешени сите тројца министри што ги има Алтернатива во Владата. Пратениците треба да одлучат и за предлогот за разрешување на заменик-министрите од ресорите одбрана, земјоделство и образование, а на нивно место треба да бидат назначени нови. Покрај овие, заменик-министри треба да бидат назначени и на ресорите правда и здравство

Наспроти тоа што предлозите за кадровските смени од премиерот Ковачевски сугерираат дека Алтернатива во новиот владин состав ги губи сите министерски и заменик-министерски позиции, оваа партија досега не се произнесе дека ја напушта Владата

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за в понедлник во 15 часот ја закажа седницата на која пратениците ќе одлучуваат за предлозите на премиерот Димитар Ковачевски за разрешување на дел од актуелните министри и заменик-министри и за избор на нови.

Дневниот ред на 104. пленарна собраниската седница предвидува четири точки, и тоа:

Во однос на првата точка од предлог-дневниот ред пратениците ќе одлучуваат за разрешување на министрите од редовите на Алтернатива.

Премиерот Ковачевски до Собранието предложил разрешување од функциите на сите тројца министри од оваа партија, односно на министерот за здравство Беким Сали, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити како и на Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспората.

Втората точка од дневниот ред предвидува избор на нови министри во Владата. Пратениците треба да се произнесат дали Кренар Лога да биде нов министер за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, како и Каја Шукова за министерка за животна средина и просторно планирање.

На собраниската седница в понеделник, треба да бидат разрешени и актуелните заменик-министри од ресорите Одбрана, Земјоделство и Образование, а на нивно место треба да бидат назначени нови. Заменик-министри треба да бидат назначени и во ресорите Правда и Здравство.

Претходно денеска, на прашање на „360 степени“ дали премиерот Димитар Ковачевски до Собранието предложил разрешување на некои министри и заменик-министри, бидејќи за да бидат избрани нови, досегашните или треба да ги разреши парламентот или треба да дадат оставка, од Владата не добивме директен одговор. Оттаму порачаа дека премиерот Ковачевски ќе ја образложи предложената реконструкција на Владата на собраниска седница.

Во меѓувреме, на веб-страницата на Собранието беа објавени предлозите од Ковачевски за разрешување на министрите и замениците од Алтернатива.

Освен предлозите за разрешување на дел од актуелните министри и заменик-министри, на веб-страницата на Собранието се објавени и документи во кои премиерот Димитар Ковачевски го информира собранискиот претседател за оставките што од функциите ги поднеле министерот за правда Никола Тупачески, министерот за животна средина и просторно планрање Насер Нуредини, како и заменик-министерот за правда Агим Нухиу и заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски.

И покрај тоа што предлозите за кадровски смени од премиерот Ковачевски сугерираат дека Алтернатива во новиот владин состав ги губи сите министерски и заменик-министерски позиции, оваа партија досега не се произнесе дека ја напушта Владата, а конечна одлука најави за утре.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Мицевски: Антидатирање на документи е кривично дело

Следно

Четиригодишно девојче спасено од урнатините по 132 часа

Latest from Blog