Вучиќ спречен да зборува, луѓе се собраа пред српскиот Парламент- седницата ќе продолжи и по 18 часот

February 2, 2023
1 min read

Претставници на српската опозиција, за време на денешната седница во Парламентот, посветена на Косово, предизвикаа инцидент и го прекинаа излагањето на српскиот претседател Александар Вучиќ за европскиот предлог за решение за односите со Косово.

Говорот на Вучиќ беше прекинуван со извици „Предавство“ и „Косово е Србија“, по што тој ја обвини опозицијата дека таа веќе го дала Косово.

– Го подаривте Косово! Ние го браниме Косово од такви како вас! Срам да ви е, лажговци!“ извика српскиот претседател.

Вучиќ ја обвини опозицијата дека најмногу ракоплескала кога се споменувало името на поранешниот претседател на Србија, Воислав Коштуница.

Во исто време пратениците извикуваа, пееја и свиреа за да го спречат Вучиќ да зборува.

На инцидентот му претходеше говор на лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, кој повика на отфрлање на француско-германскиот план, сакајќи, како што наведе, „да го спречи претседателот да ја предаде Србија“.

Во Собранието на Србија работата беше накратко прекината, бидејќи по вербалниот конфликт меѓу опозицијата и претседателот Вучиќ дојде и до куса физичка пресметка.

Помала група луѓе се собраа пред српскиот Парламент во моментот додека трае седницата за Косово, која, според претседателот на Собранието Владимир Орлиќ, ќе продолжи и по 18 часот.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

По загриженоста на учениците, родителите и јавноста за квалитетот на воспитно-образовниот процес во Македонија, се одзва МОН

Следно

Варан стави крај на репрезентативната кариера

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop