Варан стави крај на репрезентативната кариера

1 min read

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Рафаел Варан објави дека се повлекува од француската репрезентација.

– Да ја претставувам нашата голема земја една деценија беше можеби најголемата чест во мојот живот. Секогаш кога го носев овој специјален дрес за репрезентацијата, чувствував голема гордост. Размислував за тоа неколку месеци и решив дека е време да ја завршам репрезентативната кариера “, напиша фудбалерот на социјалните мрежи.

Варан додаде дека сака да направи простор за нова генерација, а им се заблагодари на сите за поддршката во репрезентацијата.

Како дел од француската репрезентација, Варан стана светски шампион во 2018 година. На Светското првенство во 2022 година, тој му помогна на својот тим да освои сребро. Има трофеј и во Лигата на нации во 2021 година. За „триколорите“ дебитираше во март 2013 година.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Вучиќ спречен да зборува, луѓе се собраа пред српскиот Парламент- седницата ќе продолжи и по 18 часот

Следно

ЕУ планира нови санкции кон Русија до годишнината од војната во Украина

Latest from Blog