Вучиќ: КФОР го одби нашето барање за враќање на српските сили во Косово

2 mins read

Вучиќ кажа дека КФОР во својот одговор изјавил дека нема потреба од враќање на српските сили, откако во средината на декемри властите во Србија испратија барање до канцеларијата на мисијата на НАТО во Косово, КФОР, за враќање до 1 000 припадници на српската војска и полиција во Косово

КФОР го одби барањето на Србија за враќање на српските безбедносни сили во Косово, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за ТВ Пинк.

Вучиќ кажа дека КФОР во својот одговор соопштил дека нема потреба од враќање на српските сили, откако во средината на декемри властите во Србија испратија барање до канцеларијата на мисијата на НАТО во Косово, КФОР, за враќање до 1 000 припадници на српската војска и полиција во Косово.

„КФОР ни одговори дека нема потреба нашите сили да се вратат на северот на Косово и Метохија, како што очекувавме, иако според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН тие немаат право да го отфрлат нашето барање бидејќи не се прашуваат за тоа“,

рече Вучиќ.

Тој нагласи дека во писмото се наведува оти КФОР „внимателно набљудува што се случува на северот“, иако, како што рече, само два часа претходно било пукано врз момчиња од српска националност. Работата на КФОР, нагласи Вучиќ, не е да се грижи за блокадите на северот, туку за сите Срби во Косово.

Српскиот претседател рече дека станува збор за обид за убиство на две момчиња и посочи дека наскоро очекува да се види со семејствата Стојановиќ и Томиќ. 

„Тоа е резултат на атмосферата што режимот на Курти ја создаде со некој однадвор. Тие не полудеа ‘од чиста мира’. Сето ова е резултат на атмосферата што ја создаде Курти. Ме плаши ако го видам тоа и кај нашиот народ, да не сме повеќе во состојба сосема рационално да набљудуваме. Сликата од Бадник ја потресе Србија, ги насолзи очите на сите луѓе“,

истакна Вучиќ.

Во однос на одговорот од КФОР, Вучиќ рече дека останува прашањето дали официјален Белград ќе се обрати до ОН и ќе побара изјава на седницата на Советот за безбедност, а доколку тоа би се направило, како што рече, Русија би ја поддржала Србија, но исходот повторно би бил потврда на одлуката на КФОР.

„Тие ќе гласаат да не се вратат српската војска и полиција. Што ќе правиме после таа седница? Да оставиме Курти да коментира како и Советот на безбедност на ОН го одбил барањето?“,

истакна Вучиќ. 

Вучиќ повтори дека следната недела во Белград ќе се сретне со советникот на Стејт департментот Дерек Шолет. Порача дека САД се искрени во поддршката за независноста на Косово, но и дека се обидуваат да ја разберат позицијата на Србите во Косово.

Властите во Србија донесоа одлука да испратат барање до КФОР за враќање на припадниците на нејзините безбедносни сили во Косово како реакција на, како што рекоа, зголеменото присуство на косовската полиција на северот на Косово. Барањето беше испратено во деновите на зголемени тензии на косовско-српската граница кога 20 дена по ред во четири општини во северно Косово со мнозинско српско население, беа поставени барикади на патиштата кои водат до граничните премини на Косово и Србија.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Жан Митрев со честитка за Божиќ: Им простувам на ИРЛ, ќе ја повлечам тужбата против нив

Следно

На овој празник време е за простување, ја повлеkувам тужбата за медиумот каде беа изнесени невистини за мене, вели д-р Жан Митрев

Latest from Blog

„КЕЈТ Е ВО КОМА, ЛУЃЕ ВКЛУЧЕТЕ ГО МОЗОКОТ“: Нова теорија на заговор поради потегот на кралот Чарлс трети, драмата околу здравјето на Кејт не стивнува во светот!

Драмата околу здравствената состојба на принцезата Кејт Мидлтон продолжува, а последниот потег на кралското семејство наведе