Вучиќ и Радев на почетокот на изградбата на гасниот интерконектор во Костинброд

February 1, 2023
1 min read

Претседателите на Србија и Бугарија, Александар Вучиќ и Румен Радев денеска се сретнаа во Костинброд, каде присуствуваа на почетокот на изградбата на гасниот интерконектор Бугарија-Србија, јави агенцијата Бета.

– Важен ден за Србија и Бугарија и за целиот регион. Продолжуваме да поврзуваме две земји, два народи и нашите економии, напиша Вучиќ во објава на Инстаграм.

Под фотографијата на која се поздравува со својот бугарски колега напиша дека новиот гасен интерконектор ќе донесе „поголема енергетска сигурност за граѓаните и шанса за нови инвестиции“.

Вучиќ информира дека разговарале и за други проекти за кои наведе дека се во план.

– Благодарам Румен Радев на трудот заедно да изградиме подобра иднина и најдобри можни заеднички односи, напиша Вучиќ.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во собраниската Комисија за избори и именување продолжи расправата за избор на Јовески за уставен судија

Следно

АРХИТЕКТКАТА ЗОРИЦА БЛАЖЕВСКА ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop