Втора пресуда за „Титаник 2“: По две години затвор за Мијалков, Тачи и поранешните членови на ДИК

January 23, 2023
2 mins read

Делото на ексшефот на УБК застарува во април годинава, па тој може да се спаси од казната доколку дотогаш пресудата не стане правосилна. За таа да стане правосилна, за неа треба да се изјасни Апелацискиот суд Скопје бидејќи извесно е дека странките ќе поднесат жалби

Нова осудителна пресуда донесе Основниот кривичен суд Скопје во повтореното судење за случајот „Титаник 2“. За виновни се прогласени поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи и четворица поранешни членови на Државната изборна комисија (ДИК).

Казните што ги досуди првостепениот суд се:

  • Сашо Мијалков – 2 години;
  • Мендух Тачи – 2 години;
  • Бедредин Ибраими – 2 години;
  • Анета Стефановска – 2 години;
  • Влатко Сајковски – 2 години;
  • Сашо Срцев – 2 години.

Пресудата ја донесе судечки совет на чело со судијата Огнен Ставрев и во неа има поблаги казни за сите обвинитени во споредба со тие во првата пресуда.

Само Тачи не дојде на изрекување на пресудата. Мијалков, пак, беше спроведен од затворот во Струга, но во скопскиот суд пристигна со задоцнување. Тој во судницата влезе на средина од рочиштето за изрекување на пресудата, односно неколку минути пред судијата Ставрев да ги прочита одредените казни.

Сите, освен Мијалков, се осудени за повреда на избирачкото право. Мијалков, пак, за примање награда за противзаконито влијание.

Делото на ексшефот на УБК застарува во април годинава, па тој може да се спаси од казната доколку дотогаш пресудата не стане правосилна. За да стане правосилна, за неа треба да се изјасни односно да ја потврди осудителната пресуда и Апелацискиот суд Скопје бидејќи извесно е дека странките ќе поднесат жалби.

Тачи и поранешните членови на ДИК претходно се гонеа за злоупотреба на службена положба и овластувања, но со оглед дека обвинителството направи прецизирање во делот на штетата која изнесуваше околу 400 евра која во завршните зборови обвинителот ја повлече, дојде и до измена во делот на кривичното дело, па така обвинетите сега се првостепено осудени за повреда на избирачкото право, иако описот на противзаконските дејствијата останува непроменет.

Ова е втора пресуда на Основниот кривичен суд, кој со првата во март 2019 година одреди затворски казни за сите обвинети. Меѓутоа, Апелацискиот суд Скопје ја укина таа пресуда и го врати предметот на повторно судење. Со првата пресуда, Мијалков доби три години затвор, Тачи три години и два месеци. Највисока затворска казна тогаш од четири години и шест месеци доби Ибраими, а другите членови на ДИК беа осудени на по три години.

„Титаник 2“ се однесува на договарање за гласање за приговори во корист на ВМРО-ДПМНЕ за локалите избори во 2013 година во Струмица.

Според обвинението, кое судот го смета за докажано, Тачи по телефонски разговор со Мијалков умислено го поттикнал Ибраими како член на ДИК да гласа за уважување на приговорите поднесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Со такво гласање, било овозможено на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Струмица, Васил Пишев, повторно да учествува во изборниот процес.

Во случајот со обвинението, кое своевремено го покрена СЈО, беа опфатени и петмина судии од Управниот суд. Меѓутоа, кога советот во Кривичен вршеше оценка, го отфрли обвинението за судиите.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фан на Атлетик побара гума за џвакање од Анчелоти, реакцијата на Дон Карло е легендарна (ВИДЕО)

Следно

Претставници на Програмскиот колегиум при МКЦ го кажаа проблемот и пред претседателот Пендаровски

Latest from Blog

Предложен притвор за лицето во кичевско кое со секира го убил својот татко, а и нанел тешки повреди на својата мајка

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против едно лице осомничено за едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и еден обид за убиство според истата правна

Македонија повторно во европската елита, обезбеди учество на континенталното првенство во ракомет во 2026

Ракометната репрезентација на Македонија триумираше над Литванија со 26:17 (13:11) во дуел од квалификаците за пласман на Европското првенство во 2026 година. По победата пред полни трибини во СЦ „Јане Сандански“, Македонија

Кузмановски: Сакаме да сме пример за младите, како што за нас беа Кире, Столе, Жути

Капитенот Филип Кузмановски повторно ја водеше Македонија до нова победа во квалификациите, овој пат вредна за пласман на ново Европско првенство. „Навистина пред сè сакам да се заблагодарам на целата публика за

Дрво падна врз автомобил во Струмица

Вечерва околу 20 часот, дрво паднало врз автомобил во Струмица, на улицата Ванчо Китанов. Регирала и противпожарната служба, и за среќа нема повредени. „Вечерва (недела) 11.05.2025 година, околу 20.00 часот на ул.Ванчо

Шукова: Чиста животна средина, приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори 

Животната средина треба да ја гледаме како предност, не како трошок, тоа е еден од секторите кои исто така треба да го усогласиме со европските регулативи, порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на
Go toTop