Вршеа ли работа маските?

February 12, 2023
1 min read

Последниот пресек од релевантниот Кокреин извештај се однесува на физичките интервенции за спречување на ширењето ковид- маски, визири, ракавици, антисептички средства, миење раце и социјална дистанца. Се работи за масивен извештај за десетици студии со податоци за 610.000 испитани случаи.

Интересно е тоа што 12 испитувања во прегледот покажаа дека носењето маски веројатно прави мала или никаква разлика во преносот на болести слични на грип или ковид. Исто така, прегледот покажува дека маските немаат ефект врз лабораториски потврдените резултати од грип или САРС-КоВ-2. Пет други испитувања не покажале разлика помеѓу еден тип на маска во однос на друг.

Ова е второ ажурирање на прегледот од почетокот на пандемијата. Првото ажурирање беше одложено за седум месеци поради необјаснети уреднички одлуки. Беше предоцна кога излезе во ноември 2020 година  за да смени нешто; дотогаш, активистите, неквалитетните опсервациони докази и владините политики веќе ги направија маските задолжителни.

„Уште кога во ноември 2020 укажавме на проблематичноста на опсервационите студии на кои се потпираат политиките, веќе бевме замолчени, остранети од Фејсбук и ставени на владини листи за следење“, пишуваат Карл Хенеган и Том Џеферсон во Спектатор

Податоците од извештајот на Кокран кореспондираат со она што се случуваше во реалниот живот – дека маските не прават битна разлика. Дисциплираните Јапонци (кои и онака носат маски, не па за ковид), сепак не беа поштедени од брановите на заразата.

Авторите сметаат дека нивната задолжителност имаше за цел владите да демонстрираат дека нешто прават околу болеста. Миењето раце не се гледа ама затоа маските се јасно видлива манифестација дека „си знае државата“.

„Во пандемија сведочевме на силни и страсни уверувања за тоа што функционира, а што не. На моменти, тоа повеќе личеше на фудбалски натпревар, со навивачи од двете страни кои го провоцираат спротивниот табор. Неколку политики како што се задолжителните маски и рестрикциите, сега изгледаат апсурдни во ретроспектива. Како што културата на страв испари, така населението стана свесно за нивните штетни ефекти“, велат авторите.

Не успеавме да следиме пристап заснован на докази за време на пандемијата. Сега ни остануваат човечките, социјалните и економските последици од политиките без докази.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот, дури 4 града од Балканот во топ 10

Следно

(ВИДЕО) Девојче извлечено живо по 150 часа поминати под урнатините

Latest from Blog

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде

Сиљановска-Давкова и Бегај во Охрид: Двете земји можат да постигнат успех во заштита на Охридското езеро, природата и заедничкото природно богатство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој е во работна посета на земјава. Обајцата соговорници изразија задоволство од воспоставеното пријателство и
Go toTop