Возач во Њујорк бегал од полицијата и удрил во група пешаци, повредени се осум лица

1 min read

Возачот избега од полицијата удирајќи во неколку пешаци. Тој беше уапсен многу брзо, на само неколку улици од местото на инцидентот. Во моментов две лица се во критична состојба, а уште две се тешко повредени. Повредите на останатите пешаци не се премногу сериозни, пишува Си-ен-ен

Најмалку осум лица се повредени откако возач удрил со комбе во група пешаци, потврди официјален претставник на пожарникарската служба во Њујорк. Њујоршката полиција соопшти дека, околу 10:49 часот по локално време, полицајци се обиделе да сопрат изнајмено комбе во Сансет Парк, Бруклин.

Возачот избега од полицијата удирајќи во неколку пешаци. Тој беше уапсен многу брзо, на само неколку улици од местото на инцидентот. Во моментов две лица се во критична состојба, а уште две се тешко повредени. Повредите на останатите пешаци не се премногу сериозни, пишува Си-ен-ен.

Полицијата пред инцидентот добила повик за емотивно нестабилно лице, а полицијата претпоставува дека повикот може да се однесува на 62-годишниот возач. Официјалните лица, како мерка на претпазливост, наредиле тимот за експлозивни направи да го пребара задниот дел од комбето.

Тие тврдат дека комбето е полно со предмети што укажуваат на тоа дека осомничениот живеел во возилото во последните неколку дена. Инспекторите во моментов вршат проверки на задниот дел од возилото и не веруваат дека ова е планиран напад, туку поверојатно е обид за бегство.

Гувернерката Кети Хочул и градоначалникот Ерик Адамс на Твитер објавија дека биле известени за инцидентот. Дополнително, Адамс рече дека нема дополнителни веродостојни закани поврзани со инцидентот.

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Најмалку 19.300 лица хоспитализирани по земјотресот во Турција

Следно

ОВОЈ СЕИЗМОЛОГ ЌЕ ВИ ЈА ЗАЛЕДИ КРВТА – денешниот земјотрес во Романија е само подготовка за тоа што следува, не е главниот на Балканот!

Latest from Blog