Водовод Скопје со признание за поддршката на мисијата на СОС Детско село

March 14, 2023
1 min read

ЈП Водовод и канализација – Скопје, е првото јавно претпријатие кое пристапи кон поддршка на мисијата на СОС Детско село и веќе три години спроведува активности за ширење на индивидуалната филантропија.

-Во овој период беа спроведени многу активности со цел поттикнување и ширење на идејата за посветено индивидуално донаторство, во кои активно се вклучија и вработените во претпријатието како посветени донатори. Преку достава на повиците за донации заедно со фактурите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во рамки на поддршка на кампањите на СОС Детско село, гласот на децата без родители и без родителска грижа стигнува до над 200.000 корисници на услугите на претпријатието кои имаат можност да станат посветени донатори, велат од претпријатието. 

Во знак на благодарност за заложбите на претпријатието се и благодарницата за поттикнување на индивидуалното донаторство кај вработените и плакетата за најголем партнер за поттикнување на донаторството во 2022, доделени на ЈП Водовод и канализација – Скопје на овогодинешниот настан „Едно семејство“ во организација на СОС Детско село.

-ЈП Водовод и канализација – Скопје, како општествено одговорно претпријатие ја продолжува поддршката и соработката со СОС Детско село во насока на ширење на индивидуалната филантропија, велат од ова скопско претпријатие. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Белорусија: Платениците планираат да ја дестабилизираат ситуацијата во земјата

Следно

ЕУ подготвува закон за странски агенти, невладините се загрижени

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не
Go toTop