Во Вашингтон средба на премиерот на Украина и американскиот секретар за одбрана

April 12, 2023
1 min read

Украинскиот премиер Денис Шмихал денеска се сретна со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во седиштето на Пентагон, каде разговараа за поддршката на Вашингтон за Киев.

„Двајцата лидери разговараа за приоритетите во безбедносната помош, како што се противвоздушната одбрана и артилерија, како и обуката за украинските вооружени сили“, се вели во соопштението на Пентагон.

Во соопштението за печатот се наведува дека Шмихал и Лојд се согласиле за важноста на обезбедувањето безбедносна помош.

Си-Ен-Ен објави дека Шмихал ги повторил барањата на Киев за борбени авиони Ф-15 и Ф-16 и ракети со поголем дострел.

„Ќе победиме во оваа војна, но за да ја постигнеме целта побрзо и со помалку жртви, на Украина и понатаму и е потребна интензивна воена поддршка“, рече Шмихал.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Руска армија: Наш ловец пресретна германски авион над Балтичкото Море

Следно

Кирби: Има мало американско воено присуство во американската амбасада во Украина

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop