Во скопската Зоолошка се одбележа денот на зебрата

1 min read

31 јануари – Меѓународниот ден на зебрата, животно со Африканско потекло карактеристично по нејзините црно-бели пруги по целото телоко кои се различни кај секоја индивидуа, денеска беше одбележат и во скопската Зоолошка градина.

Во својата збирка на животни ЗОО-Скопје моментално има една индивидуа –машка зебра од подвидот- Equus quagga chapmaniili Chapmanova zebra, која е дојдена од Љубљана и се вика Јанош.

-Децата од градинката “Светот на Колорес“ , го посетија неговото живеалиште во ЗОО Скопје и тоа беше инспирција за нивите цртежи. Со училишни активности по природа и ликовно се вклучија и третооодделенците од ОУ “Александар Македонски“ од Ново Лисиче кои учеа, зборуваа и цртаа за Зебрата. ЗОО Скопје во својата едукативна програма, постојано ќе ги одбележува деновите на дивите животни кои ги имаа Зoолошка градина на Град Скопје, информираа денеска од Зоолошката градина. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Американска армија: Првата пратка борбени возила „Бредли“ на пат кон Украина

Следно

(ВИДЕО) Млада двојка објави видео како танцува на улица во Иран – осудени се на 21 година затвор

Latest from Blog