(ВИДЕО) Млада двојка објави видео како танцува на улица во Иран – осудени се на 21 година затвор

January 31, 2023
1 min read

Пресудата ја донесе Револуционерниот суд во Техеран на чело со Аболкасем Салавати, озлогласен судија познат по тоа што изрекува строги казни за поединци кои се сметаат за закана за Исламската Република

Судот во Иран осуди млад човек и неговата девојка на по 10 и пол години затвор откако објавија видео на социјалните мрежи како танцуваат во близина на плоштадот „Азади“ во Техеран, објави вчера новинската агенција за човекови права (ХРАНА). Сопружниците, кои беа уапсени на 1 ноември минатата година во нивниот дом по објавувањето на видеото, добија и двегодишна забрана за користење интернет и напуштање на земјата, пренесува „Ал Арабија“.

Астијаж Хагиги и Амир-Мохамед Ахмади, и двајцата во раните 20. години, се обвинети за „ширење корупција и порок“, „собирање и договарање со намера да ја поткопаат националната безбедност“ и ангажирање во антирежимска пропаганда. Пресудата ја донесе Револуционерниот суд во Техеран на чело со Аболкасем Салавати, озлогласен судија познат по тоа што изрекува строги казни за поединци кои се сметаат за закана за Исламската Република.

Активистите на ХРАНА објавија дека на двојката ѝ било одбиено правното застапување во текот на судската постапка повикувајќи се на извор близок до семејството на Хагиги. Иранските власти не го коментираа случајот, а пресудата дојде во време кога владата се обидува да ги задуши повеќемесечните антирежимски протести кои започнаа по смртта на младата Иранка Махса Амини на 16 септември.

Дваесет и двегодишната Амини почина набрзо откако беше уапсена од полицијата за морал во Техеран поради наводно непочитување на строгите правила на режимот за хиџаб. Властите се обидоа насилно да ги задушат протестите, кои брзо прераснаа во повици за соборување на Исламската Република, што резултира со смрт на стотици и апсење на илјадници луѓе.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во скопската Зоолошка се одбележа денот на зебрата

Следно

Штрајк на дел од јавниот сектор во Брисел за подобри работни услови и повисоки плати

Latest from Blog

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува

Шукова најизвесно решение на Бихаќка за град Скопје, откако „извиси“ Ралев

Машко-женски дуел за главниот град откако „пукна „тиквата меѓу Венко Филипче и Мишко Ралев кој беше речиси извесно решение  на Бихаќка за трка во Скопје, според висок партиски функционер, речиси е извесно

Грција со рекорден туристички приход, но се соочува со предизвици од масовниот туризам

АТИНА (АА) – Туризмот и понатаму претставува клучен економски двигател во Грција, но земјата се соочува со растечки предизвици поврзани со масовниот и прекумерен туризам, вклучително зголемени кирии, притисок врз инфраструктурата и
Go toTop