Во Гази Баба промовиран проектот „Твој службеник“

1 min read

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на својата официјална страна на фејсбук го промовираше проектот “Твој службеник”.

Проектот „Твој службеник“ има за цел да ги открие проблемите на граѓаните од терен и потоа да ги решава во рамките на општината.

– Општината е институција која е сервис на граѓаните и работи во нивен интерес. Идејата е граѓаните да може лесно и брзо да дојдат до решавање на проблемите со кои се соочуваат секојдневно. Со реализирање на овој проект се олеснува начинот граѓаните да го пријават својот проблем и за истиот да добијат решение.

Проектот „Твој службеник“ ќе се реализира на следниот начин:

Техничките секретари во Месните и Урбаните заедници три дена во неделата ќе бидат присутни во Месните и Урбаните заедници со цел евидентирање на проблемите на граѓаните, а два дена од неделата ќе бидат во општината со цел решавање на проблемите.

Ги повикувам граѓаните да ја користат оваа можност. Граѓаните на прво место, напиша Стефковски.
 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Макрон и Нетанјаху одлучија заедно да дејствуваат против Иран

Следно

Норвешка ќе нарача 54 тенкови Леопард од Германија

Latest from Blog

7 мај – ден на полицијата

Централната прослава беше во паркот кај авиончето во општина Аеродром  На одбележувањето на Денот на македонската