Макрон и Нетанјаху одлучија заедно да дејствуваат против Иран

February 3, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Францускиот претседател Емануел Макрон и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучија заедно да дејствуваат против Иран, пренесува Анадолу.

Макрон вчера во Елисејската палата го прими на средба Нетанјаху кој престојува во официјална посета на францускиот главен град Париз.

Според соопштението на Елисејската палата, Макрон и Нетанјаху разговарале за повеќе регионални теми, пред сè за Иран и Палестина.

Макрон до Нетанјаху ја пренел загриженоста од моменталната состојба на палестинските територии.

Францускиот претседател нагласил дека треба да се избегнуваат активностите кои поттикнуваат спирала на насилства кое резултира со жртви меѓу палестинските и израелските цивили.

Тој укажа на посветеноста на Франција за историското статус-кво на Месџид ал-Акса.

Макрон на Нетанјаху му ја пренел можноста за палестинска држава во иднина, како и дека е против нелегалните активности за населување што ја поткопуваат надежта за мир во регионот.

Меѓу другото, Макрон и Нетанјаху разговарале и за иранската нуклеарна програма.

Францускиот претседател нагласи дека Иран треба да биде транспарентен што се однесува до нуклеарната програма, во спротивно, рече, ќе има неизбежни последици.

Двајцата лидери изразија силна загриженост во врска со дестабилизирачките активности на Иран во регионот.

Макрон истакна дека поддршката на Иран за руската агресија во Украина ќе предизвика санкции за Иран.

Исто така, Макрон и Нетанјаху одлучија заедно да дејствуваат против Иран, и ја изразија желбата за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји како и зајакнување на билатералните односи во сите области.

Францускиот претседател ја повтори непоколебливата посветеност на Франција кон безбедноста на Израел.

На средбата било разговарано и за односите меѓу Израел и Франција.

Макрон до Нетанјаху ја пренел и поддршката на Франција за борбата против тероризмот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Кина може да ја добие војната со Тајван без да стапне на островот?

Следно

Во Гази Баба промовиран проектот „Твој службеник“

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop