ВМРО-ДПМНЕ: Заради криминалот на Ковачевски мнозинството се намалува, по Алтернатива излезе и Демократски сојуз, никој не сака да остане на бродот кој тоне

February 15, 2023
1 min read

Заради криминалот на Ковачевски мнозинството се намалува, по Алтернатива излезе и Демократски сојуз, никој не сака да остане на бродот кој тоне, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски и Ахмети ја одржуваат коалицијата на тендери, криминал и непотизам. И Ковачевски знае дека Ахмети го спасува за да завршат што повеќе тендери, за личен профит, а тој пак е спремен на секакви отстапки само за да продолжи и тој заедно со Ахмети во грабежот на Македонија.

Се повеќе пратеници од СДС гласно зборуваат дека не се согласуваат со политиките на Ковачевски, и самиот тој знае дека никој не ги одобрува неговите постапки, и затоа со закани и притисоци ги држи во страв.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до пратениците од власта, сите оние кои во изминатиов период покажаа разум и поинакви ставови од ова раководство да му застанат на патот на истото, бидејќи по промени на власта на Македонија ќе и треба СДС како опозиција, но стабилно СДС, кое има силни национални и државни политики, знаеме дека во СДС има луѓе кои истото тоа го сакаат, и само тие може да ја спречат нивната партија да не се растури по претстојните парламентарни избори, а најлесен начин за тоа е да му кажат не на Ковачевски, стои во соопштението на партијата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Собранието продолжува расправата за реконструкција на Владата

Следно

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степен го погоди Нов Зеланд

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop