ВМРО-ДПМНЕ за Груби: Што вели легендата за преведувачот од амбасада кој што стана милионер

February 21, 2023
1 min read

Приказните за наводни војни за кои пишува Груби, се само дефокус за сомнежот за криминал во кој семејството Груби стигна до деловен простор од половина милион евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Но кога сме кај преведувачот во амбасада кој стана милионер би го истакнале следното:

Легендата за Артан Груби вели дека тој на своето тело имал тетовирано знаме од ВМРО, затоа што така мислел дека повеќе ќе се додвори, а по смена на власта се сетил на своите комунистички корени, при што добил и нова тетоважа овој пат со Сталин и Енвер Хоџа.

Го чекаме времето кога на Артан Груби ќе му треба националистички наплив, и наместо Адем Јашари, по теркот со селфито со спомениците од Скопје 2014, да го истетовира Дража Михајловиќ.

И по примерот на Диоген од Синопа, кој со фенер шетал на дневната светлина, барајќи го човекот во луѓето, легендата вели дека Диоген од Чаир шетал со метрото во џебот, за да најде поволен дуќан за брат му. И таквиот цинизам говори за клептоманијата кај Диоген од Чаир, кој од преведувач во амбасада, стана милионер на грбот на народот во чија кауза вели дека се колне. Се разбира можеби цинизмот кај него ќе се излечи, но клептоманијата не, реагираат од партијата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бајден: НАТО можеби е најпостојаниот воен сојуз во историјата и е посилен од кога било

Следно

АФАД: Бројот на загинати во разорните земјотреси во јужна Туркије порасна на 42.310

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop