АФАД: Бројот на загинати во разорните земјотреси во јужна Туркије порасна на 42.310

February 21, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Бројката на загинати во разорните земјотреси што го потресоа југот од Туркије е зголемена на 42.310, објави турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), пренесува Анадолу.

Во соопштението се наведува дека се регистрирани 7.184 последователни земјотреси по двата разорни земјотреси што ја потресоа Туркије на 6 февруари.

На подрачјето погодено од земјотресите делуваат 14.740 лица за пребарување и спасување од АФАД и други полициски и противпожарни единици, невладини организации и меѓународни тимови.

Се истакнува дека бројот на евакуирани лица од овие подрачја достигна 448.018.

Во зоните на земјотресите се наоѓаат вкупно 242.392 луѓе од АФАД, полицијата, жандармеријата, Националниот спасувачки медицински тим (УМКЕ), итната помош, локални тимови за обезбедување и поддршка, волонтери и теренски персонал.

Вкупно 13.700 возила, главно багери, шлепери, дигалки, булдожери, камиони, цистерни за вода, приколки и слична градежна машинерија, беа испратени на подрачјето на катастрофата.

Вкупно 38 бродови биле вклучени во работите во регионот од страна на Министерството за национална одбрана и Командата на Крајбрежната стража за потребите за испраќање на персоналот, материјалите и евакуација.

Завршено е поставување на 301.289 шатори, што турските министерства, надлежните институции и организации, како и различи земји и меѓународни организации ги испратија во подрачјето погодено од земјотресите. Во овие подрачја се поставени 6.375 контејнери.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ за Груби: Што вели легендата за преведувачот од амбасада кој што стана милионер

Следно

Столтенберг ја повика Русија да ја повлече суспензијата од членството во договорот за нуклеарно оружје Нов СТАРТ

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop