ВЛЕН: Лажната загриженост на ДУИ крие страв од одговорност за испумпаните пари

May 2, 2026
1 min read

Од коалицијата ВЛЕН велат дека ДУИ денес брани проект што, според нив, токму нивни функционери претходно сметале дека треба да се раскине, алудирајќи на договорот со Енергоинвест за интерконекцијата со Албанија.

Од таму велат дека иницијативата за раскинување на договорот не е нова и не потекнува од сегашното раководство, туку од поранешниот менаџмент на МЕПСО, во период кога директор на правниот сектор бил Билен Салији од редовите на ДУИ.

– Директор од ДУИ ја започнал постапката за раскинување, затоа што и самите увиделе дека договорот е нефункционален и ги чини граѓаните многу скапо – наведуваат од ВЛЕН.

 

Тие се повикуваат и на ставот на поранешниот генерален директор на МЕПСО, Куштрим Рамадани, кој јавно изјавил дека би го раскинал договорот.

– Немало активности на терен, немало основ за зголемување на цената, договорот бил фиксен, а компанијата практично не функционирала. Ова не се ставови на ВЛЕН, ова се ставови на луѓе од ДУИ – се наведува во реакцијата.

Според коалицијата, проектот имал реализација од само 4% во период од повеќе години, додека државата плаќала камати за кредит уште од 2015 година, без конкретен напредок на терен.

Од ВЛЕН тврдат дека одлуката за раскинување на договорот е донесена врз основа на детална анализа, поддржана од УСАИД и во согласност со правилата на ЕБРД.

– Одлуката не е импровизирана, туку резултат на детална форензика и анализа, со јасни насоки за постапување – велат од коалицијата.

Во реакцијата се поставуваат и прашања за тоа зошто проектот не бил реализиран во периодот кога ДУИ била на власт.

– Зошто во време на ДУИ не се градел овој проект за поврзување со Албанија? Кој имал интерес проектот да стои, а да се испумпуваат пари? – прашуваат од ВЛЕН.

Од коалицијата додаваат дека, според нив, актуелните реакции на ДУИ се обид да се прикрие одговорноста.

– ДУИ денес не ги брани граѓаните, туку брани систем кој дозволувал проект со години да стои во место додека се создаваат финансиски трошоци – наведуваат од ВЛЕН.

На крајот порачуваат дека, како што велат, ќе продолжат со реализација на проекти.

– ВЛЕН гради и ќе продолжи да гради – стои во реакцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нова европска декомратија: ЗА МИНИСТЕР ГО ПОСТАВИ СВОЈОТ ЗЕТ, А ПРЕТХОДНО БЕШЕ ЖЕНАМУ

Latest from Blog

Нова европска декомратија: ЗА МИНИСТЕР ГО ПОСТАВИ СВОЈОТ ЗЕТ, А ПРЕТХОДНО БЕШЕ ЖЕНАМУ

Власта во Унгарија се смени. На власт дојде младиот Петер Маѓар да ја “ослободи државата од корупција и непотизам“ во која власт Маѓар беше на високи функции а неговата сопруга беше министер

Поранешниот директор на МЕПСО од ДУИ: „Јас би го раскинал договорот со Енергоинвест“ за интерконекцијата РСМ–Албанија

Поранешниот генерален директор на АД МЕПСО, Куштрим Рамадани, кој доаѓа од редовите на ДУИ, пред една година во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, околу проектот Интерконекција Северна Македонија – Албанија и договорот со

Спектакуларно затварање на Танц фест во Битола: Рисима Рисимкин со „Будење“ ја спушта завесата

Со моќната изведба на „Будење“ во кореографија на Рисимна Рисимкин во која настапуваат 30 танчери на 5-ти мај во 20:00 часот во Народниот театар Битола ќе се затвори 22-то издание на „Танц
Go toTop