Владимир Путин е отворен за разговори со канцеларот Шолц, вели Песков

January 29, 2023
1 min read

Иако немаат закажна телефонски разговор, претседателот на Руската федерација, Владимир Путин, е отворен за разговори со германскиот канцелар Олаф Шолц, вели портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Изјавата на портпаролот доаѓа откако минатата недела официјален Берлин даде зелено светло за испраќање на 14 тенкови од типот „Леопард 2“ за потребите на украинската армија, а воедно дозволија и сојузничките европски земји да испратат тенкови од германско производство во Украина.

„Засега нема договорени разговори со Шолц. Путин беше и останува отворен за контакти“,

рече Песков.

А во интервју за германскиот дневен весник Тагешпигел, објавено денеска, канцеларот Шолц во сличен тон како и Песков. Вели дека и тој сака да разговара со Путин бидејќи тоа е неопходно.

„Одговорност на Путин е да ги повлече војниците од Украина за да стави крај на оваа ужасна, бесмислена војна која веќе чини стотици илјади животи“,

вели Шолц.

Путин и Шолц последен пат разговараа телефонски на почетокот на декември. Рускиот лидер тогаш рече дека германската и западната линија кон Украина е „деструктивна“ и го повика Берлин да го преиспита својот пристап.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

По Роналдо, Тен Хаг ќе се откаже од Мегваер

Следно

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop